Контакт

Надворешна политика

Вељаноски: Основните права и слободи на граѓанинот треба постојано да се надградуваат

Објавено пред

На основните слободи и права на граѓанинот, како еден од основите на демократскиот систем, треба постојано да се работи, да се надградува нивната заштита, да се изнаоѓаат нови или да се прифаќаат и имплементираат веќе проверени и остварливи начини, порача собранискиот спикер Трајко Вељаноски во четвртокот на Европска конференција на претседатели на парламенти, која што се одржа во Осло.

dobivaj vesti na viber

 

„Во таа смисла, по примерот на дел од европските држави (Германија, Шпанија, Австрија, Словенија…) а со цел поголема заштита на правата и слободите на граѓаните во Република Македонија во тек е постапка за воведување на институтот Уставна жалба во Уставот. Како што веќе реков, целта на овој институт е да се зајакне заштитата на човековите права и слободи дефинирани во Уставот. Со оваа иницијатива се предлага воведување на надлежност на Уставниот суд да одлучува по уставна жалба, изјавена против поединечни акти или дејствија на државните органи со кои се повредуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, а кои се однесуваат на: дискриминацијата, правото на живот, тортура, правото на слобода на човекот, пресумпцијата на невиност и фер судење, слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот и вероисповед, јавниот настап и информирање“, изјавил Вељаноски пред своите европски колеги.

                       

 

Претседателот на македонското Собрание порача дека особено внимание заслужува довербата на граѓаните, со посебен акцент на младите, во институциите и системот, и дека е потребно подигање на јавната свест за потребата од активно вклучување во општествените процеси, подигање на свест дека граѓанинот од системот нема само обврски, туку и право да учествува во креирањето на истиот.

 

Вељаноски додаде дека во Македонија во континуитет се работи токму во насоката која го подразбира кажаното, а во работењето на Собранието пред 5 години е воведен модерен електронски систем, е-Парламент кој целокупниот законодавниот процес го прави максимално достапен за граѓаните.

 

Според Вељаноски со ова секој граѓанин може да го следи донесувањето на секој поединечен акт во Собранието, но и да учествува со свое видување, да се вклучи во процесот на начинот што тој ќе го избере.

                       

„Треба посветено да му пристапиме на фактот дека демократијата како форма на општество е повеќе од збир на индивидуални слободи и права, повеќе од делегирање и носење на одлуки. Мора постојано и посветено да се работи на јакнење на нивната доверба и заинтересираност за учество во јавната дебата и вклучување во процесите кои ќе придонесат за поуспешно функционирање на демократијата како систем“, заклучи македонскиот собраниски спикер./крај/мф/бс

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје2 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа3 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет4 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет4 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија12 часа

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија13 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија22 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија22 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија23 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија24 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија24 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија1 ден

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија1 ден

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија1 ден

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија1 ден

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...