Контакт

Надворешна политика

Вељаноски оствари средби со членови на американскиот Конгрес

Објавено пред

– фото Велљаноски – Прајс

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски кој престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64-от Молитвен појадок, оствари средби со неколку членови на Конгресот на САД.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски кој престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64-от Молитвен појадок, оствари средби со неколку членови на Конгресот на САД.

На средбата со конгресменот Бил Паскрел беше искажано задоволство од долгогодишното пријателство кое конгресменот го негува со Република Македонија и кое ќе продолжи во иднина.

Конгресменот Паскрел ја изрази неговата посветеност и поддршка на Република Македонија за нејзино што поскоро добивање на членство во НАТО Алијансата. Конгресменот искажа интерес за моменталната политичка состојба во Република Македонија.

Претседателот Вељаноски го информираше за политичката криза со која нашата држава се соочува во изминатиот период и за постигнатиот политички договор меѓу партиите.

Исто така, Вељаноски истакна дека за Македонија е особено важно да се спроведат предвремените парламентарни избори, бидејќи народот е најдобар судија, а неговата одлука треба да ја почитуваат сите.

Една од темите на разговор беше и мигрантската криза и последиците кои произлегуваат од неа. Конгресменот Паскрел истакна дека не е прв пат македонскиот народ да се соочи со ваков проблем на своја територија и дека во минатото, при посета на Република Македонија, самиот тој бил сведок за добрата волја на македонците да помогнат на другиот кога му е најпотребно.

Претседателот Вељаноски оствари средба и со конгресменот, Кендис Милер која е претседавач на Групата на Конгресот за пријателство со Република Македонија. Таа на почетокот на средбата истакна дека доаѓа од област каде што живеат значителен број на македонци и може да констатира дека станува збор за многу дарежливи луѓе, добро интегрирани и вклучени во поголемиот број на добротворни настани.

Како голем пријател на Република Македонија г-ѓа Милер ја потенцираше својата заложба да се помогне на нашата држава да стане членка на НАТО Алијансата. За таа цел, во Конгресот е покрената иницијатива за донесување на Резолуција за влез на Македонија во НАТО и засега истата има поддршка од 35 конгресмени.

Вељаноски се заблагодари за досегашната поддршка која Република Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави кои се наш докажан пријател и изрази надеж дека на следниот Самит на НАТО во Варшава оваа година.

САД ќе помогнат повторно да се отвори прашањето за проширување на Алијансата. Претседателот Вељаноски уште еднаш потенцираше дека членството на Македонија во НАТО е приоритет број еден за државата, а ќе обезбеди стабилност на целиот регион, а тоа е важно за цела Европа. Тој дополни дека Република Македонија останува посветена во исполнување на сите потребни обврски кон НАТО Алијансата и останува отворена за разговор и решавање на проблемот кој ја кочи интеграцијата на Република Македонија, а тоа е спорот за нашето уставно име наметнат од нашиот јужен сосед.

На средбата со претседавачот на Комитетот за демократско партнерство на Претставничкиот дом на САД, Питер Роскам беше изразено задоволство од досегашната успешна соработка на Комитетот со Собранието на Република Македонија.

Соговорниците разговараа и за актуелните проблеми со кои се соочува Република Македонија, но и Европа, во однос на мигрантската криза. Претседателот Вељаноски истакна дека се очекува оваа пролет да има зголемување на бранот на бегалци. Од тие причини, Европската унија посакува што поскоро решавање на политичката криза во Република Македонија со спроведување на предвремени парламентарни избори, а со тоа и да се добие Влада која ќе може посветено да работи на справување со предизвиците и опасностите кои ги носи мигрантската криза.

До овој момент мигрантите ја користат Република Македонија како транзит зона на својот пат кон земијите од западна Европа, но доколку дојде до затварање на нивните граници, тогаш Република Македонија и земјите од регионот ќе се соочат со сериозен проблем.

Соговорниците констатираа дека постои можност од инфилтрирање на терористи во групите бегалци кои се опасност како за Република Македонија, така и за цела Европа. На денешната средба, конгресменот Роскам го информираше претседателот Вељаноски дека има интерес од неколку конгресмени да ја посетат Македонија со што дополнително би се унапредиле односите помеѓу Собранието на Република Македонија и Конгресот на САД.

Претседателот Вељаноски оствари средба и со копретседавачот на Комитетот за демократско партнерство на Претставничкиот дом на САД, Дејвид Прајс, на која беше истакната долгогодишната успешна соработка и беше изразена отвореност за унапредување на таа соработка во иднина. Соговорниците разговараа за моменталната политичка состојба во Република Македонија, како и за предизвиците кои со себе ги носи мигрантската криза.

Во рамките на своите активности, претседателот Вељаноски се сретна и со поранешниот сенатор Џим ДеМинт, кој е претседател на Херитиџ фондацијата. На средбата присуствуваа неколку претставници на Фондацијата кои се интересираа за состојбите во Република Македонија и предизвиците со кои се соочува.

ДеМинт изрази задоволство што Република Македонија секоја година има повисок индекс на економска слобода. Претседателот Вељаноски истакна дека економскиот просперитет на државата е основен приоритет на оваа Влада на Република Македонија која постојано прави напори за подобрување на економската клима, привлекување на странски дирекни инвестиции и намалување на невработеноста.

Затоа, и покрај политичката криза Република Македонија има добар економски напредок кој би бил уште поголем доколку истата побрзо се надмине и се стабилизираат состојбите во државата.

Присутните го потенцираа и негативното влијание кое го има мигрантската криза врз економијата на Република Македонија и можните проблеми доколку дојде до нејзино ескалирање. На средбата претседателот Вељаноски уште еднаш потврди дека членството во НАТО Алијансата е најважен приоритет за Република Македонија, а г.ДеМинт потенцираше дека Фондацијата Херитиџ и во иднина ќе ја поддржува нашата држава во остварувањето на нејзините стратешки цели. крај/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија12 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија14 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија15 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија15 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија16 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион17 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет18 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија18 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа19 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет19 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет19 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет20 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет20 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа20 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет2 дена

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...