Контакт

Надворешна политика

Вељаноски во Вашингтон се сретна со претседателите на НДИ, ИРИ и ОМД

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во средата во Вашингтон оствари средби со претседателот на Националниот демократски институт (НДИ), Кенет Волак, претседателот на Американскиот републикански институт (ИРИ), Марк Грин, како и со претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Колоски.
 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во средата во Вашингтон оствари средби со претседателот на Националниот демократски институт (НДИ), Кенет Волак, претседателот на Американскиот републикански институт (ИРИ), Марк Грин, како и со претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Колоски.

 

На средбата со претседателот на НДИ, Кенет Волак, било изразено задоволство од страна на двајцата соговорници за долгогодишната успешна соработка која ја имаат Собранието на Република Македонија и НДИ. Вељаноски се заблагодари на НДИ за активното учество во унапредувањето на парламентарната соработка преку иницирање и реализација на бројни проекти во Собранието, меѓу кои отворањето на Парламентарниот институт.

Претседателот на НДИ, Волак, изрази задоволство што Парламентарниот институт е позитивно прифатен од страна на сите политички структури во Собранието и успешно ја извршува својата работа. Тој исто така истакна дека НДИ ќе остане отворена за идни проекти и соработка со Собранието. На средбата се разговараше и за моменталната состојба во државата при што претседателот Вељаноски истакна дека особено е важно да се спроведат предвремените парламентарни избори, со што би се спровел политичкиот договор постигнат меѓу политичките партии.

Вељаноски нагласи дека за справување со мигранската криза со која се соочува Република Македонија, но и цела Европа, потребно е да имаме стабилна Влада која ќе може да одговори на предизвикот. Од тие причини треба да се спроведат изборите во предвидените рокови, бидејќи се очекува зголемување на бројот на бегалци во наредниот период. Волак потенцираше дека ја следат ситуацијата во Република Македонија и дека сметаат дека Собранието треба да има значајна улога во решавањето на сите отворени политички прашања и проблеми, бидејќи политичката дебата треба да се води во Собранието.

Соговорниците се согласија дека преку Парламентот се отсликува политичката ситуација во една држава. Претседателот Вељаноски изрази уверување дека и овој пат како многу пати до сега политичките партии во Република Македонија ќе најдат начин и трпените да ја надминат и оваа ситуација.

Вељаноски на средбата со претседателот на ИРИ, Марк Грин го информираше соговорникот за интересите и приоритетите на Република Македонија во наредниот период и работата на Собранието на Република Македонија. Соговорниците ја нагласија досегашната успешна соработка. Вељаноски истакна дека анкетите кои ги спроведува ИРИ во Македонија се почитувани и се сметаат за релевантен извор на податоци за јавното мислење.

Претседателот на ИРИ, Грин истакна дека ИРИ е заинтересирана за идна соработка и е отворена за размена на идеи за моќни нови проекти во Република Македонија. Тој нагласи и дека ИРИ секогаш ја охрабрува Владата на САД да помага на земјите кои имаат проблеми како што е проблемот со бегалската криза во Македонија. Господин Грин истакна дека најголемиот проблем со оваа мигрантска криза е што никој не ја очекуваше и затоа е тешко брзо да се изнајде решение.

Во рамките на активностите кои претседателот Вељаноски ги има при посетата на САД беше и средбата со претседателот на Обединетата македонска дијаспора, Мето Колоски, на која што присуствуваа и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Рената Десковска и пратеникот Павле Саздов. Оваа прилика соговорниците ја искористија да ги разменат своите мислења и ставови во однос на многу прашања од интерес на нашите иселеници.

На средбата од страна на ОМД беше потенциран статусот на ОМД како непартиска и невладина организација која ги застапува интересите на Македонците надвор од Македонија без разлика на партиската припадност, како и јасната определба ОМД да ги стави на располагање сите свои ресурси за промоција на државата пред НАТО самитот во Варшава, како и за анимирање на македонскиот граѓанин во странство да учествува на претстојните избори. 

Исто така од страна на ОМД беа посочени забелешки и изразена загриженост околу застојот во демократскиот развој на државата, партиската поделба на македонското ткиво, како и непочитувањето на институцијата Собрание од страна на двете најголеми политички партии во РМ преку нелегитимниот пржински Договор. На средбата се дискутираше и за причините за одливот на младите од матичната држава.

На средбата членовите на ОМД изразија надеж и ги охрабрија претставниците на двете политички партии во РМ, во име на националниот интерес на Државата да изнајдат сили, преку најосновните демократски процеси – дебата и компромис без посредништво на меѓународен фактор, низ институциите на системот да се залагаат за побрзо разрешување на сите политички прашања во најкраток можен рок. Само на тој начин Република Македонија ќе може да си го возврати нарушениот меѓународен углед во светот и да се посвети темелно на евроатланските интеграции и членството во НАТО, додаваат од ОМД./крај/мф/бс

 

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија14 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија16 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија17 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија17 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија18 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион19 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет20 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија20 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа21 час

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет21 час

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет21 час

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет22 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет22 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа22 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет2 дена

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...