Контакт

Надворешна политика

Во Скопје седиштето на командата на балканските медицински наменски сили

Објавено пред

Собранието на Република Македонија на 4-ти април 2016-та година го ратификуваше Договорот за формирање на Балканските медицински наменски сили (БМНС), со што главниот штаб на оваа формација ќе биде во македонската престолнина Скопје, односно првпат Македонија станува седиште на регионална организација.
 

dobivaj vesti na viber

Собранието на Република Македонија на 4-ти април 2016-та година го ратификуваше Договорот за формирање на Балканските медицински наменски сили (БМНС), со што главниот штаб на оваа формација ќе биде во македонската престолнина Скопје, односно првпат Македонија станува седиште на регионална организација.

 

Потписнички на Договорот за БМНС се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Словенија. Со ратификацијата на Договорот и формално се воспоставуваат Балканските медицински наменски сили.

Иницијативата за формирање и поддршката на овие наменски сили произлезе од Норвешка и САД од 2010-та година, а Македонија заедно со Србија беше земја предводник во развивањето на иницијативата во регионот.

Проектот БМНС е исклучително важен регионален проект кој на НАТО Самитот во Чикаго беше промовиран и поддржан и како проект во духот на паметната одбрана. Негова цел е јакнење на националните воено-медицински капацитети за работа во регионална мултинационална единица, оспособување на регионални воено-медицински капацитети за поддршка на цивилната заедница, како и обезбедување нивна интероперабилност со ОН, НАТО и ЕУ.

Намената на БМНС е изградба и јакнење на регионалните воено медицински капацитети кои ќе бидат способни за брз одговор на широк спектар на ситуации на национално и регионално (природни катастрофи и непогоди) и меѓународно ниво (меѓународни операции).

За одбележување е што Република Македонија ќе биде домаќин на Постојаниот Штаб на Балканските медицински наменски сили. Мултинационалниот штаб на БМНС кој ќе биде со постојано седиште во Скопје ќе биде составен од претставници на штабно и командно ниво од сите земји членки на Договорот./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија3 часа

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија3 часа

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...

Македонија3 часа

Чибишев: Јован е во одлична состојба, си отиде дома нашиот херој

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој од огнот во кочанската дискотека извлече 21 лице, е испишан од болница во одлична состојба,...

Македонија5 часа

(Видео) Јован Костадинов, храбриот млад човек, кој спаси 21 живот во трагедијата во Кочани, конечно се врати дома

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21...

Македонија6 часа

СДСМ: Бараме одговори, дали актуелните командири и началници од МВР се изземени од истрага?

„И по 24 часа од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, одговор нема. Ова е крајно...

Свет7 часа

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Сеул: пронајдено телото на мотоциклист, кој падна во неа

Човекот кој падна во голема дупка што се отвори на пат во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, е пронајден...

Европа8 часа

(Фото) Зеленски спие под фотографија од Кремљ во пламен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори....

Свет8 часа

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера...

Македонија18 часа

„Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава“: порачаа учесниците на протестниот марш

На Плоштадот Македонија во Скопје започна протестот на граѓанското движење „Кој е следен“. Учесниците бараат одговорност за трагедијата која минатата...

Топ19 часа

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп: повредено вработено лице, сторителот уапсен

Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје...

Топ20 часа

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на...

Македонија22 часа

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за...

Македонија23 часа

Ѓорѓиевски: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја во целата држава, општините да ги откажат планираните настани

Управниот одбор на Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат...

Македонија24 часа

За разлика од порано кога виновен беше кабелот, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ги разбирам граѓаните што сакаат да го изразат револот на протест, но немам оправдување за политичките глодачи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има разбирање за оние што решиле преку демократската алатка, како што е протестот, да го изразат...

Македонија1 ден

Се собираат писмени изјави за да може да се достават парите од Црвениот крст за настраданите во пожарот, засега донирани 54 милиони денари

Над 54 милиони денари засега се собрани на сметката на Црвениот крст за настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија1 ден

Тим пластични хирурзи се селат во Кочани, Таравари очекува за две недели половина од пациентите да се вратат дома

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, во денешната изјава за медиумите информира дека вкупно 16 пациенти, кои се лекуваат во...

Македонија1 ден

Таравари: Утрово станав со 50 пораки дали давам оставка, останувам министер и на 1, и на 2, и на 5 април

Министерот за здравство Арбен Таравари ги демантира шпекулациите дека ќе си даде оставка на 2 април, кои викендов се раширија...