Контакт

Надворешна политика

Заев: Македонија ќе биде дел од големото европско семејство

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, во понеделникот положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната-антифашистичка борба на Македонија, во Струмица, потврдувајќи ја својата длабока почит кон жртвите на фашизмот.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи за значењето на 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Заев порача дека Македонија ќе биде дел од големото европско семејство.

Треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата кои сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и државноста, рече Заев, за, како што додаде, да ѝ покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото европско семејство.

„Нашава земја веќе 25 години од својата самостојност го сонува европскиот сон со тенденции да стане дел од големото европско семејство. Иако Македонија е земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005-та година се уште нема добиено датум за почеток на преговори со ЕУ и покрај препораките од Европската комисија. За жал, грчките условувања за решавање на спорот со името и нашите внатрешни недоследности, се се уште пречка тој сон да стане јаве. И во тој контекст, кога ги детектираме причините за нашиот предолг престој во европската чекалница, мораме да бидеме доблесни, да си ги признаеме болестите од кои ни боледува општеството и темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата кои сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и државноста“, рече Заев.

„Разрешницата на нашата политичка криза и враќањето на демократските вредности, правдата, слободата и човековите права, треба и мора да останат наш императив, без никакви алтернативи. Само така ќе и покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат, на патот по кој порано сигурно чекоревме. Ако велат дека надежта последна умира тогаш треба да бидеме сериозни и да се избориме барем на таа надеж да и создадеме реална основа. Треба да бидеме мудри, упорни и истрајни и ако нешто заслужуваме, тоа сигурно ќе го добиеме. Ако Македонија секогаш била на вистинската страна тогаш нека биде и понатаму на страната на прогресивна Европа во која ќе нема место за промоција на нови фашизми и создавање можности за нови крвопролевања. Да продолжиме да го сонуваме нашиот заеднички сон, а јавето нека биде наша заедничка цел“, додаде тој.

Заев им оддаде почит и на загинатите припадници на МВР во настаните од пред една година во кумановската Дива населба, стои во соопштението на СДСМ./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ9 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет10 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет12 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија12 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија13 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ15 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија17 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ18 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија19 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија19 часа

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија20 часа

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија20 часа

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија21 час

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...

Македонија22 часа

(Фото) Почна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев,...

Македонија22 часа

„Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го доставиме предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите“, велат од партијата Левица

„Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи...

Европа23 часа

Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес...

Европа23 часа

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...