Контакт

Надворешна политика

Заев: Вистинските реформи доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во понеделникот се сретна со високиот директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД, Чарлс Купчан, со кого разговараа за моменталната состојба во Македонија и предизвиците за спроведување на неопходните реформи за кредибилни избори во декември.

dobivaj vesti na viber

Заев посочи дека е важно да се завршат договорените процеси до крајот на овој месец, во делот на прочистување на Избирачкиот список и професионалното известување на медиумите, за да се отвори пат за избор на техничката Влада, велат од СДСМ.

„Зборуваме за реформи кон минимално исполнување на критериумите за фер и кредибилни избори. Тоа е гаранција дека ќе се почитува слободната волја на граѓаните. Вистинските реформи во земјава, коишто ќе ги почувствуваат граѓаните, доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември, оваа година“, рече Заев.

Во таа насока Заев го претстави програмскиот концепт на СДСМ за подобра и сигурна иднина на сите граѓани во Македонија. Суштинските реформи коишто ќе ги спроведе новата, одговорна Влада, ќе донесат економски напредок на земјата, департизација и професионализација на институциите, владеење на правото и слобода на медиумите, додаде Заев.

На средбата, заеднички беше оценето дека за иднината на Република Македонија клучно е враќањето на земјата на нормалниот колосек и патот кон евро-атланските интеграции, додаваат од СДСМ./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди, велат од Државниот инспекторат за земјоделство

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF –...

Македонија2 часа

Мицкоски: Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните цели не се реализираат, а тоа е полноправно членство во ЕУ

„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат гризење на совеста, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас...

Македонија4 часа

МВР за уапсените за тероризам: Планирале напади врз јавни објекти во Македонија

Четворица терористи, со идеологија на ИСИС, беа уапсени во Македонија, а од МВР информираа дека планирале напади. За првопријавениот постојат...

Македонија4 часа

Уште четворица уапсени во Македонија поради тероризам: регрутирале нови членови на ИСИС и ширеле терористичка пропаганда

Уште четири лица се приведени во Македонија како дел од акцијата што почна во декември, а се однесуваше на тероризам....

Македонија6 часа

Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, Фондот оштетен за 8,7 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против И. Т. во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД...

Македонија6 часа

СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион, а за лекови на Онкологија да чека донации

Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што...

Регион6 часа

Генерален штрајк во Србија, протест закажаа и адвокатите

Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“ на кој беа поканети граѓаните на Србија од студентите во блокадата, започнува денеска, објавуваат...

Македонија6 часа

Обвинителството да отвори истрага за сите злоупотреби со онколошката терапија, повика ВМРО-ДПМНЕ

Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс. Една иста мафија на...

Култура7 часа

„Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за „Оскар“ месецов на репертоарот на Кинотеката, на програмата повеќе култни остварувања

Кинотеката на Македонија во февруари 2025 година подготви исклучителна филмска програма која ги спојува класиците на златната ера на Холивуд,...

Свет7 часа

(Видео) Вонредна состојба во Ирска и Шкотска: откажани летови и затворени училишта поради невремето Еовин

Поради невремето Еовин, училиштата и универзитетите денеска се затворени во Ирска и Шкотска, а откажани се и голем број летови...

Свет8 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да преговара со Русија за ставање крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да преговара за договор со Русија за...

Свет9 часа

Документите за атентатот на Кенеди веќе нема да се чуваат во тајност

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на САД – атентатите на...

Свет9 часа

(Видео) Одбивме непријателски дронови упатени кон Москва, соопшти градоначалникот

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рано утринава изјави дека единиците за противвоздушна одбрана пресретнале три одделни напади на украински беспилотни...

Свет21 час

Tрамп до светските компании: Произведувајте во САД или ќе се соочите со царини

Доналд Трамп порача до компаниите во светот дека ако не произведуваат во САД, ќе се соочат со царини во вредност...

Спорт22 часа

Македонија силна против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа втората победа, прва во главната фаза, на 29.Светско првенство. Попладнево во Вараждин, Македонија го...

Топ24 часа

Почина тримесечно бебе во Скопје

Вчера во 09.10 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека во семејна куќа на подрачјето...

Македонија1 ден

Рокас од Куманово ја поздрави размената на честитки за новата влада во Бугарија и нагласи дека е фокусиран на реформите што се бараат од нас

Честитките што македонските политичари ги испратија за изборот на новата влада во Бугарија, евроамбасадорот во земјата, Михалис Рокас, смета дека...

Македонија1 ден

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за „Oрганизатори на 27 април“

Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски се ослободуваат од кривично гонење во предметот „Организатори на 27 април“....

Топ1 ден

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на...

Македонија1 ден

„Прашањето е решено, конечно и неповратно“: грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Атина излезе со официјален одговор на неодамнешните изјави на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој посочи дека Скопје не...