Македонија
Намален бројот на мигранти во Македонија

Во текот на вчерашниот ден издадени 715 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, односно за три пати помалку отколку бројот на мигранти кои секојдневно влегуваа во земјава.
„Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 715 странски државјани, од кои 307 се од машки пол, 166 се од женски, 234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил“, соопштуваат од МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–318,Сирија-304 и Ирак-93.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 09.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 17.882 странски државјани, од кои 7.462 се од машки пол, 3.789 се од женски, 6.556 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возиво, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.