Македонија
Населените места во Центар Жупа добија електрична енергија
Доцна ноќта кон саботата нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од критичните региони во југозападниот дел од земјата, известија од ЕВН Македонија.
Трафостаницата Центар Жупа од петокот навечер е под напон. Пуштени се 10 Кв изводи кон трафостаниците во селата во Центар Жупа. Над 95 отсто од населените места во овој крај добија електрична енергија.
“Во екстремно лоши услови екипите на ЕВН Македонија со надчовечки напори работат на санирање на поголем број дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силниот ветер, по што состојбата со електроснабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Вечерва поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија“, се вели во соопштението на компанијата.
Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река, Крушје и оптимистички се најавите дека до полноќ под напон ќе биде и населеното место Грнчари.
Во охридскиот регион електрична енергија добија Долно и Горно Лакочереј, Климештани, дел од Мешеишта и Требеништа, а сите дефекти на 10 кВ далекувод кај Велестово и Крушје се отстранети и вечерва или во раните утрински часови ќе биде нормализирано снабдувањето. Во струшкиот регион нормализирано е снабдувањето во Горно и Долно Татеши, Љубаништа, Октиси, и Боровец.
Во Делогожда и Радожда екипите на ЕВН и жителите на овие села заеднички се пробиваат до завеаните столбови и работеа до доцните ноќни часови во петокот.
Во струшкиот регион од петокот под напон се Калишта, Франгово, Радолишта, Феришта, Дреслаица, Мороишта, Ложани, Ливади, Биџево, Вевчани и Велешта.
Од ЕВН Македонија предупредуваат дека критични точки во снабдувањето сé уште има во дебарскиот регион каде што нивните екипи интензивно работат на отстранување на дефектите.
Во струшкиот регион на потегот околу Луково и Јабланица столбовите се тешко пристапни и екипите на ЕВН тешко се пробиваат до нив, но, и во петокот навечер и во саботата рано утрото се работи на тоа да се нормализира снабдувањето.
Како најкритични точки се истакнуваат селата во Дебарскиот регион во Реканскиот крај на потегот од Жировница до Бошков мост, каде комплетно е уништена дистрибутивната мрежа, и 35 кВ и 10 кВ далекувод. На овој потег се прави една нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, но двата затегнувачки столба кои ја прават врската преку Дебарско езеро се урнати од ветрот и снегот и заедно со проводникот се во езерото. Вечерва и во утрешниот ден со специјализирани екипи и чамци ќе се постават два нови столба и ќе се премостува врската низ езерото./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.