Македонија
Неоснован Предлогот за импичмент на Иванов
Со шест гласа „за“ и четири „против“, Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот, во понеделник оцени дека предлогот за импичмент на Иванов поднесен од пратениците од опозицијата, не е основан.
За таквиот заклучок гласаа пратениците од ВМРОДПМНЕ, а против беа членовите од СДСМ и ДУИ. Без разлика на тоа, иницијативата за импичмент ќе биде разгледана на собраниска седница што треба да се одржи на 13-ти јуни.На расправата во понеделник пратеничката Рената Дескоска, член на Комисијата за импичмент на Иванов, извештај кој бил воден во таква процедура со апсолутно мнозинство на владејачката партија, не може да биде ништо поголем од тие пет страници, колкав што е изготвениот Извештај. Побара во заклучокот да биде ставен ставот дека иницијативата за одговорност е основана и дека претседателот Иванов го прекршил Законот за помилување и Уставот, како и Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност.„Со одбивањето на мнозинството во Комисијата да се покани Иванов на седница стана беспредметно и други сведоци да се викааат. Не ви требаат визии од гатачки за да донесете заклучок дека Иванов ги прекршил Уставот и Законот за помилување. Треба само да ги погледнете членовите од Уставот. Затоа ние предлагаме во рамките на заклучокот да се стави дека Иницијативата е основана и бараме Собранието да продолжи со постапката за утврдување на одговорност“, рече Дескоска.Во процедурална забелешка Крсто Муковски од ВМРО-ДПМНЕ порача дека извештајот е сублимат на сѐ што се дискутирало во изминатите денови за постапката за импичмент и додаде дека поднесокот од опозицијата бил доставен на две и пол страници.„Врз основа на сите дискусии што ги имавме како пратеници во Комисијата е направен овој извештај како сублимат и на крајот треба да биде ставен заклучокот. Не знам колку страници треба да биде извештајот, но како што видов внатре е опфатено сѐ она што го дискутиравме изминатите денови“, рече Мукоски, нагласувајќи дека извештајот е преголем за поднесокот кој е со таква големина и неаргументираност, и од законска и од уставна рамка.Тренеска Дескоска рече дека претседателот Иванов не доставил писмено изјаснување за наодите од предлогот за покренување постапка за утврдување на негова одговорност. Додаде дека тој, како и секој граѓанин, може да го користи правото да не даде исказ, но потенцира дека за разлика од кривичната постапка во која молчењето не се користи против лицето, во постaпката за импичмент важи спротивното правило, односно дека треба да биде транспарентен и да ги даде потребните одговори и појаснување.„Секој претседател кој има аргументи на своја страна би дошол и би ги кажал своите аргументи. Очигледно молчењето на Ѓорге Иванов значи одобрување на нашата иницијатива и немање на аргументи“, рече Тренеска Дескоска. Освен опозициската СДСМ и владејачката албанска партија ДУИ смета дека иницијативата за одговорност на Иванов е оправдана.Членот на Комисијата, пратеникот Талат Џафери рече дека помилувањето е донесено во сомнителна постапка и се коси со законсите одредби. Според него, несоодветно и неарументирано е што Иванов донесувајќи ја одлуката посочи дека се водел од интересот на државата и нејзината безбедност, во контекст на мигрантската криза, затоа што кога Иванов ја донел одлуката веќе бил склучен Договорот за надминување на мигрантската криза со пактот ЕУ – Турција.„Иванов користи одлука на Уставен суд чии судии се поделени . Уставниот суд влегува во работата на законодавството. Оттука цениме дела одлуката на Уставен со која создаваат услови за помилување не држи. Одлуката придонесе да се продлабочи кризата“, рече Џафери.Потенцира дека одлуката на Иванов придонела за продлабочувањето на кризата во земјава поради што, како што рече, треба да се дебатира за неговата одговорност.„Фактот што Иванов ја искористи законската можност што му се даде за да ја повлече одлуката говори за неговата одговорност и неговото освестување дека е одговорен за создадената ситуација. Тоа е аргумент плус за да ја поддржиме иницијативата за покренување на политичка одговорност“, рече Џафери.Во 14 часот, продолжи рапсравата по која треба да се гласа за Извештајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

