Македонија
Невремето зафати уште неколку региони

Невреме што во понеделникот во попалдненивте часови го зафати поголемиот дел до земјата во моментов движи кон Кумановско, Овчеполието и југоисточниот дел од Тиквешката котлина. Невреме има и во северниот дел од Полошката котлина, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Моментално над Скопската котлина се наоѓа компактна облачна маса и се движи кон исток. Врнежите се со умерен до засилен интензитет, проследени со умерени грмежи, кое ќе се задржи уште околу еден час.
Силно невреме има во Кочани и Крива Паланка, а од УХМР велат дека невремето ќе потрае.
Уште една нестабилна маса се движи западно од Скопје кон скопската котлина и Гостивар.
„Во моментов посилно невреме има во Кочанско и Кривопаланечко и се очекува да потрае, потоа западно од Скопје со правец на движење кон Скопската котлина и во Гостиварско“, се наведува во соопштенеито на УХМР.
Оттаму информираат дека посилно невреме има и во општините Росоман и Градско, како и северозападно од Радовиш.
Во моментов во центарот на Скопје имае стабилно време проследено со умерен ветер. Се очекува нестабилната маса набрзо да помине и над главниот град./крај/ухмр/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.