Македонија
Нов лек на позитивната листа за мозочен удар и инфаркт
Од 1-ви ноември на позитивната листа на товар на Фондот за здравствено осигурување влегува лекот со генерика Клопидогрел (Clopidogrel), лек за кардиоваскуларни заболувања, најави директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова.
„Досега го купуваа лекот clopidogrel приватно (лек за мозочен удар и инфаркт), а со утврдување на референтна цена, лекот ќе може да се подигне на рецепт на товар на Фондот во било која аптека која има склучен договор со ФЗОМ. За оваа генерика Clopidogrel има лекови од 10 фармацевтски производители, што обезбедува добра конкуренција на пазарот“,изјави Парнаџиева-Змејкова.Според неа, оваа новина е големо олеснување и придобивка за 20 илјади пациенти годишно. Отсега, овие осигуреници ќе заштедат со оваа новина 57 милиони денари годишно од сопствениот џеб.Најавено е и олеснување за третманот на пациенти со хипотиреоза за добивање и следење на терапијата, што значи дека 10 илјади осигуреници од цела Македонија кои имаат заболувања на тироидната жлезда – хипотиреоза и се упатуваат на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина секоја година само за да направат лабораториско испитување и за да ја потврдат терапијата, од 1-ти ноември ќе можат таа услуга да ја добијат кај матичниот лекар.„Паралелно, направени се измени и во режимот на пропишување на лекот Levothyroxine од Листата на лекови, кои паѓаат на товар на Фондот, кој од режим RS (По препорака на: лекар специјалист интернист, специјалист по нуклеарна медицина;) и RSS (по препорака на лекар субспецијалист ендокринолог) се менува во режим R (избран лекар, самостојно – при хронична примарна хипотиреоза со следење на ефектот од субституционата терапија преку нивото на TSH најмалку еднаш годишно (од 0,4-4,5µU/mL)“ соопшти директорката./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

