Македонија
Oбвинетиот од кумановско Черкезе е префрлен на интензивна нега
Обвинетиот 23 годишник М. Ф. од село Черкезе, кумановско, кој е еден од обвинетите за настаните во Мала Речица, се наоѓа во стабилна здравствена состојба, дознава „Макфакс“ од извори во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој сè уште е на апарати, но поминале критичните 48 часа и се наоѓа на одделот за интензивна нега. За него судија на претходна постапка по барање на обивнителството определи 30 дневен притвор. Со повреди се здоби и 42 годишниот Р.С. од Куманово.
Според полицијата, во селото Мала Речица на ул.„ 167“, се случила престрелка помеѓу две групи кои биле со неколку патнички моторни возила. Во престрелката загина 47 годишниот Н.Р. од село Белановце, липковско. Полицијата трага по лицето со иницијали Д. Ф. Неофицијално, според созананијата на „Макфакс“ некои од осомничените се во семејно-роднинска врска.
Веднаш по настанот, јавен обвинител од Тетово, започнал увид и презел мерки за пронаоѓање на учесниците во настанот и негово документирање. На местото на настанот пронајдени се осум испукани чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција и три зрна од куршуми, траги од крв и една безбол палка. Сите пронајдени траги и предмети се испратени на вештачење во МВР.
Во едно од пронајдените возила непосредно по настанот, кога се приведени двајца од 12 осомничени, пронајдени се и два пиштоли и тоа марка „Валтер П99“ со калибар – 9мм, како и пиштол марка – „Брауинг“ исто така калибар 9 мм, кои биле употребени во случајот во Мала Речица. По наредба на јавен обвинител извршени се претреси на 12 локации на СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

