Македонија
Објавени листите за изборите на 11-ти декември, челниците на власта и опозицијата се соочуваат во четворката и во шестката
На полноќ завршува рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна ноќта во петокот и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок.
Според познатите листи, претседателите на владејачката и на опозицската албански партии, односно Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА ќе се соочат на во шестата изборна во шетката, додека на најголемата влдејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како што пртходно објави, ќе се соочи со челникот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев во четвортата изборна единица, а таму ќе во трката ќе им се приклучи и поранешниот премиер, лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.
Изборна единица 1
Коалиција за подобра Македонија – Никола Попоски, СДСМ – Стево Пендаровски, Коалиција за промени и правда – Павле Трајанов, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Ден Дончев, Либерална партија – Ивон Величковски,
Левица – Димитар Апасиев, ДУИ – Артан Груби, ДПА – Идриз Орана, НДП и Беса – Зеќирија Ибрахими
Изборна единица 2
Коалиција за подобра Македонија – Никола Тодоров, СДСМ – Оливер Спасовски, Коалиција за промени и правда – Јове Кекеновски, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љупчо Балковски, Либерална партија – Кире Бузлиев, Левица – Трајче Стојанов, ДУИ – Ејуп Халими, ДПА – Орхан Ибраими, НДП и Беса – Африм Гаши
Изборна единица 3
Коалиција за подобра Македонија – Илија Димовски, СДСМ – Љупчо Николовски, Коалиција за промени и правда – Весна Стојменовска, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Стојанче Ангелов, Либерална партија – Данчо Марковски,
Левица – Марија Џонс, ДУИ – Нафи Дурмиши, ДПА – Самир Рушити, НДП и Беса – /
Изборна единица 4
Коалиција за подобра Македонија – Никола Груевски, СДСМ – Зоран Заев, Коалиција за промени и правда – Слободан Богоевски, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубчо Георгиевски, Либерална партија – Даница Јованова, Левица – Митко Николов, ДУИ – Артин Спахиу, ДПА – /, НДП и Беса – /
Изборна единица 5
Коалиција за подобра Македонија – Антонио Милошоски, СДСМ – Радмила Шекеринска, Коалиција за промени и правда – Александар Делов, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубе Бошкоски, Либерална партија – Кице Мицковски, Левица – Здравко Савески, ДУИ – Агим Шаќири, ДПА – Адријан Усеини, НДП и Беса – Арбен Лабеништи
Изборна единица 6
Коалиција за подобра Македонија – Влатко Ѓорчев, СДСМ – Петре Шилегов, Коалиција за промени и правда –,
Коалиција „ВМРО за Македонија“ – предлог на Достоинство, Либерална партија – Бранко Мајсторовски, ДУИ – Али Ахмети, ДПА – Мендух Тачи, НДП и Беса – Билал Касами./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

