Македонија
Облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
Променливо облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот и во западните делови.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 31 степен.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи
Здружението на новинарите на Македонија изразува загриженост во врска со денешниот избор на предлог кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во собраниската Комисија за избори и именувања.
Загрижува фактот, како што е наведено во соопштението, што дел од избраните кандидати на кои им беше дадена можност да учествуваат на јавната расправа не ги исполнуваат ниту формалните услови според објавениот оглас.
„Воедно проблематична е и партиската позадина на дел од кандидатите што се предлагаат за гласање во Собранието. Во исто време не се земени предвид кандидати кои имаа извонредно професионално портфолио.
На денешната седница изостана транспарентност при изборот на кандидатите, јасни критериуми и соодветно бодување и селекција која ќе покажеше целосна непристрасност при изборот на најдобрите кандидати. Ваквиот начин на избор отвори простор за сомневања дека при изборот на кандидатите собранието се води од политички договори и компромиси, а не избира според професионални критериуми, како што треба да биде при избор на членови на независно регулаторно тело како што е ААВМУ.
Потсетуваме на важноста од политичка независност и професионалност на ова регулаторно тело. ЗНМ ја истакнува важноста на изборот на компетентни и независни членови во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Ова е клучно за обезбедување на ефикасноста и непристрасноста на регулаторното тело, особено во време кога се разгледуваат измените на Законот за медиуми кои предвидуваат проширување на надлежностите на Агенцијата, вклучувајќи создавање волонтерски регистар за онлајн медиумите и можност за формирање Фонд за поддршка на медиумскиот плурализам“.
Укажуваат дека работата на медиумскиот регулатор редовно е под лупа на Европската комисија и останати кредибилни организации како што се Репортери без граници и Фридом Хаус. Ефикасноста на нивната работа, според ЗНМ, освен што влијае на подобрување на условите во кои работат сите медиуми во земјата, има особено значење во евроинтегративните процеси на државава.
„Само со професионален состав, со кредибилитет и интегритет ААВМУ ќе може успешно да ги исполни новите обврски и да ја задржи својата улога како независен регулатор во медиумскиот простор.
Апелираат до пратениците и Собранието да покажат одговорност при изборот на членовите на Советот, имајќи предвид дека нивните одлуки директно влијаат врз слободата и плурализмот на медиумите во нашата земја.
Македонија
Магла на патот од село Гајре до Попова Шапка, сообраќајот се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Слаб дожд врне во југозападниот дел од земјава.
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 20-30 метри од село Гајре до Попова Шапка.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Арсовска да води поголема грижа за градот: Герасимовски ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота во Центар
Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават проблеми со јавната чистота на територија на општината со цел брза интервенција на службите.
Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693 е наведено во соопштението.
„Ги повикувам сите граѓани да пријават проблем со јавната чистота во Центар. Телефонските броеви се активирани и граѓаните можат да ни испратат фотографија од населеното место коешто треба да биде исчистено, а градот Скопје не си ја има завршено својата основна задача. Нашите служби веднаш ќе излезат на терен и ќе се погрижат за хигиената во општината. Спроведуваме акција за чистење на јавните површини во Центар откако пред два дена градот Скопје ги остави центарските улици во смет. Во понеделникот се соочивме со лоша глетка којашто е недозволива за централното градско подрачје. Апелирам до градот Скопје и градоначалничката Арсовска да водат поголема грижа за градот, особено за чистотата на улиците кадешто имаат надлежност за да не се соочиме повторно со смет. Граѓаните заслужуваат чиста општина. Центар не чека, Центар чисти“, вели Герасимовски.