Македонија
Облачно, студено и ветровито

Променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови, кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.
На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Утринските температури ќе се движат од 3 до 11, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.Во Скопје и околината променливо облачно, студено и ветровито. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 13 степени.Од попладне следува период на претежно стабилно време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Движењето ЗНАМ за наша Македонија од Куманово ја започнува кампањата „Заедно повеќе знаеме“

Вчера дел раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, организациониот секретар Сашо Петрушевски, пратениците Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и Миле Цеков, членовите на ИО Катерина Тодороска, Јасмин Циривири и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.
Темите на оваа средба се раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата за претстојните локални избори.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот – урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување со општинските буџети.
Македонија
Аеродром и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците во Кисела Јабука ул. 44,46,54,62,64,66,68 во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, ул.Горно Лисиче (од Феромонт инженеринг кон Долно Лисиче) во општина Аеродром.
Македонија
Без вода делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиена информација од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска (четврток):
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Благоја Стефковски 152, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Благоја Стефковски и населбата Хиподром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
( општина Гази Баба )
· поради уличен дефект ф-200 на бул. Илинден бб (во близина на маркет “ Рептил“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од Бледски Договор до Манапо и следниве улици: Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох, Трифун Пановски, Радика, Огражден, Пелистерска, Струма и Карпошево Востание.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.( општина Карпош ).