Македонија
ОБСЕ: Притисоци, пристрасност и продолжени тензии
Политичката атмосфера во земјата останува тензична, додека опозицијата и некои граѓански организации бараат одложување на изборите и повикуваат на поголема вклученост на меѓународната заедница во решавањето на кризата, контра-демонстрации повикуваат на одржување на изборите на 5-ти јуни, се наведува во извештајот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија вториот на оваа организација за следењето на предвремените парламентарни избори, објавен во петокот.
Во извештајот се нотира дека се добиени „кредибилни наводи“ за притисок врз вработените во јавниот сектор да учествуваат на контра-демонстрациите, вклучително и закани за прекин на вработувањето, меѓутоа за тоа не биле поднесени официјални приговор. Неколку соговорници на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР ваквите закани ѝ ги припишале на културата на страв од одмазда која постои во државните претпријатија и институции.
Во извештајот се наведува и дека „Државната изборна комисија (ДИК) продолжува да работи во многу тензична политичка атмосфера. Од 15 април, двата члена номинирани од СДСМ не учествуваат на седниците на ДИК. И покрај законската обврска да се состануваат јавно, ДИК одржа две затворени седници, и одлуките не се систематски објавувани на нејзината интернет-страница. Многу подрачни канцеларии на ДИК изразија незадоволство во врска со недостигот на средства и недоволната поддршка од централата.
На 28-ми април, ДИК назначи нови членови во Општинските изборни комисии (ОИК), водејќи сметка за минималната застапеност на полот и етничките малцинства, пропишана со закон. Од четирите поголеми парламентарни партии, се чини дека само владејачката партија номинираше свои членови во Избирачките одбори (ИО). Со оглед дека одреден број на ОИК сé уште не се оперативни, назначувањето на членови во ИО е со задоцнување од неколку дена.
Наводните нерегуларности во избирачкиот список, како фиктивните гласачи и други нечесни практики, се користат како еден од главните аргументи за одложување на изборите. Извештајот за напредокот на ДИК од 26 април за ажурирањето на избирачкиот список досега не откри докази за лажна регистрација на гласачи“, стои во извештајот на ОБСЕ.
Наводните нерегуларности во избирачкиот список, како фиктивните гласачи и други нечесни практики , се користат како еден од главните аргументи за одложување на изборите. Извештајот за напредокот на ДИК од 26-ти април за ажурирањето на избирачкиот список досега не откри докази за лажна регистрација на гласачи На околу 1,8 милиони гласачи им беше овозможено да ги проверат само своите податоци по електронски пат, но не и податоците на останатите граѓани, согласно пропишаното со закон ДИК не ги објави избирачките списоци на интернет, поради одлука на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Управниот суд сé уште нема донесено одлука по тужбата на ДИК
„Првиот извештај од мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи дека досега приватните радиодифузери Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и Нова не известувале објективно, правично и непристрасно. Извештајот дополнително заклучи дека првите четири горенаведени медиуми ја координирале нивната уредничка политика.
Првичните податоци на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР од мониторингот на медиумите покажуваат дека јавниот сервис МРТ-1 досега известуваше ограничено за политичките настани. Јавниот сервис МРТ-2 и Алсат-М повеќе известуваа за албанските партии. Додека приватните Сител, Канал 5 и Алфа покажуваат пристрасност кон ВМРО-ДПМНЕ и се против СДСМ, приватните Телма и 24 Вести се побалансирани“, се вели во извештајот на ОБСЕ./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

