Македонија
Обука за ефикасна потрошувачка на енергијата за раководните лица од објектите под ингеренција на Град Скопје
Обука за ефикасна потрошувачка на енергијата за раководните лица од објектите под ингеренција на Град Скопје, ќе се одржи во четврток со почеток во 10.00 часот во хотелот Карпош.
На обуката ќе бидат презентирани материјали за повеќе различни системи меѓу кои системи за греење, системи за осветлување, обвивка на објектите, системи за искористување на обновливите извори на енергија, како и начини за ефикасно енергетско управување, како и соодветни препораки за ефикасно искористување на овие системи. Претставниците на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија ќе бидат предавачи на оваа обука. Обуката ќе ја отвори Слобода Ќосев, раководител на Секторот за локален. економски развој. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

