Македонија
Обвинителите остануваат на ставот дека на Јанева ѝ се доволни седум помошници
Советот на јавни обвинители останува на ставот дека доволни се седум обвинители за да почне со работа новото Специјално обвинителство на чело со специјалната обвинителка, Катица Јанева.
Засега не планираат да закажат нова седница на којашто евентуално ќе биде избран целиот тим што го предложи специјалната обвинителка, бидејќи, како што истакнуваат од Советот, „немало ништо ново“ во барањата на Јанева. „Второто обраќање од обвинителката е повторно со истите имиња и нема никакви нови околности, дури имаме и уште едно обраќање каде што кажува дека евентуално ќе бидат оформени нови предмети и дека ќе има потреба од поголем број јавни обвинители. Тоа е одлучено, определен е бројот јавни обвинители и имаме објавено во Службен весник. Мислам дека непотребно се крева тензијата. Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа таа упати апел да не доаѓаат што е невидена работа досега во Советот и мислам дека треба Специјалното јавно обвинителство да почне си работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители“, изјави Аневски.Една од причините за замрзнувањето на преговорите за спроведување на договорот од Пржино е токму неизбирањето на целиот тим од 14 обвинители што го предложи Јанева. Амбасадорите на повеќе европски земји во вторникот апелираа на Јанева да ѝ се дадат сите потребни средства што ги бара за нејзина работа./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

