Македонија
Обвинителството има докази дека професорите од „Економски факултет“ зеле 2.800 евра
Обвинителството за организиран криминал и корупција, коешто го води случајот „Еразмус“, односно откриената корупција на Економскиот факултет во Скопје, има докази дека професорите зеле вкупно 2.800 евра.
Оваа сума не е конечна, бидејќи постојат сомненија и за други случаи, но засега таа сума не е потврдена со факти и со докази. Во Јавното обвинителство доаѓале студенти кои пријавувале дека професорите им барале пари, но овие тврдења, исто така, сé уште не се докажани, велат од Обвинителството.Во понеделникот професорот на Економскиот факултет и поранешен декан, Бобек Шуклев, на паркингот беше приведен откако беше фатен како зема 1.000 евра коишто биле обележани, а претходно биле обележани уште други 1.000 евра.Јавната обвинителка, Лидија Раичевиќ која ја води истрагата, соопшти дека предметот и преткривичната постапка траела во 2015 и во 2016 година . Откако професорот Шуклев ги примил обележаните евра, за шест минути интервенирала полицијата и Шуклев беше задржан на паркингот во кампусот на Универзитето „Свети Кирили и Методиј“.„Со целокупниот тек на акцијата раководи јавниот обвинител, но ниту јавниот обвнител не може да знае кога некој ќе побара пари, во кој момент ќе му се донесат и кога ќе се случи тоа. Во оној момент кога дејствието на кривичното дело беше довршено, јавниот обвинител издаде наредба во рок од половина час да се организира акција за задржување на лицето и преземање мерки за обезбедување на докази. За половина час да организирате акција во којашто ќе ги преземете на најефикасен и на најдобар можен начин доказите, заслужува пофалба, а не критика. Ниедно човеково право не е нарушено, ниту законитиот тек на постапката е нарушен“, рече Раичевиќ.Дел од доказите се обезбедени со Посебни истражни мерки, бидејќи, како што објасни Обвинителката во овој случај, ваквите кривични дела тешко се откриваат и на Јавниот обвинител му стојат на располагање сите механизми за да ги открие сторителите. „Предметот се обработува во 2015 и 2016 година. Се работеше за сериозно сомнение за сериозно коруптивни кривични дела. Природата на овие дејствија се такви што никогаш не се јавни, тешко се откриваат, сторителите се кријат, се работи за интелектуалци и луѓе кои се во висок општествен ранг на наншето постоење. Тој факт му налага на јавниот обвинител да преземе сé што му стои на расплагање како механизам за да ги открие и од тие причини беа спорведени Посебни истражни мерки“ , изјави Раичевиќ.Петмина осомничени во вторникот беа изведени пред судија на претходна постапка кој му определи мерки за претпазливост, односно, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган.Обвинителката ја заменила мерката притвор со мерка за претпазливост анализирајќи ја кај секој осомничен индивидуално здравствената состојба, семејните и материјалните односи, потребите за патување, нивниот работен однос, дали има можности за бегство. Обвинителката ја сменила одлуката кога добила информации дека сите докази се обезбедени. „Овие мерки, кои инаку се благи, делуваат како одредена привилегија кон обвинетите, но воопшто не значат тоа. Суштината на делата е многу тешка, се работи за посебни групи жртви, тоа се студенти кои во подолг период имале притисок и не можеле да ги полагаат испитите на регуларен начин. Овој предмет ќе ја добие длабочината, што значи кривично дело корупација’, додаде Раичевиќ.Останатите тројца обвинети треба да дадат изјава во Јавното обвинителство. За нив не биле побарани никакви мерки бидејќи Обвинителството проценило дека степенот на основните на сомнението на протвиправните дејствија не е толкав за да одлучува дали ќе ги задржи, односно дали нивното присуство ќе ни биде задолжително.Обвинителството има докази дека двајца од осомничените барале сексуални услуги за преодна оценка, а во овој случај жртвите биле со прикриен идентитет.Полициската акција за Обвинителката воопшто не ја нарушила автономијата на Универзитетот и според нејзе автономијата не значи анархија. „Законот за високо образование содржи член 14 кој во својот став 1 предвидува начело на Универзитетот дека просториите и просторот којшто ги поседува Универзитетот е неповредливо. Но ова начело во истата таа одредба содржи и отстапка дека полицијата и другите државни органи кога се соочени со затекнато лице на извршување кривично дело или треба да спречат извршување на кривични дела, можат слободно да влезат во овој простор. Во сите останати ситуации ректорот треба да биде известен“, рече Раичевиќ.Во случајот „Еразмус“ осомничени се угледни професори од Економскиот факултет кои се товарат дека барале пари за да им напишат преодна оценка на студентите без знаење.Меѓу осомничените е и член на МАНУ за кого не се определени мерки на претпазливост./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, соопштија од Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма
Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје.
„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“, се вели во најавата за протестот од „Стоп за Усје“.
Од таму велат дека „Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.
„Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

