Македонија
Оценувањето на администрацијата е пилот-проект без казни
По обвинувањето од дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски дека од администрација дури и ќе се бркаат луѓе според оценките кои ги добиле за работата и барање да се стави во мирување системот на оценување, од Министерството за информатичко општество и јавна администрација известуваат дека проектот е пилот, и дека нема да се изрекуваат мерки.
„Тој наводно бара оценувањето на административните службеници за 2015 година да не важи, а како дополнителен заменик би требало да знае дека со оглед на фактот што циклусот на „oценување” за 2015-та требаше да почне во декември 2014-та, период во кој Законот за административни службеници сè уште не беше влезен во примена, “oценувањето” за 2015 година само се пилотира, односно нема да се изрекуваат мерки за одличен и слаб учинок“, велат од Министерството. Од таму соопштуваат дека во целост стојат зад новите законски решенија, кои се изготвени врз основа на современите европски искуства од јавниот и од приватниот сектор, а кои се однесуваат на управувањето со човечките ресурси. Во однос на системот на оценување уреден со новиот закон, повторно би сакале да истакнеме дека се работи за т.н. систем на оценување 360 степени, односно систем во кој, секој кој е вклучен во процесот на оценување од различна перспектива го оценува вработениот. Шефот го оценува за тоа како ги врши задачите, роковите, динамиката, квалитетот на сработеното, стручноста, грешките ако ги има. Колегите го оценуваат по Рамката на компетенции. Тоа е нешто што за прв пат го воведовме во администрацијата, по примерот на Британската администрација. Тимот кој го имплементираше воведувањето на ова решение, го водеше директорката за човечки ресурси на британското Министерство за надворешни работи.„Со оглед на фактот дека се работи за значајна новина во правниот систем на Република Македонија, а за да нема никакви дилеми, сомнежи и приговори кои се однесуваат на процедурите кои би можеле да го компромитираат самиот систем во кој е вложено многу труд, знаење и искуство, по добивањето на резултатите од пилот оценувањето, предвидено е Министерството да изврши анализа, од која доколку е потребно би произлегле подобрувања на законските решенија“, соопштија од таму.Целта на сите новини од законот е да се воспостави мерит систем во администрацијата целосно ослободен од било каква субјективност и влијание, во кој ќе се цени работата и стручноста на службениците, ќе се обезбеди целосна заштита на администрацијата, но истовремено ќе биде гарант дека администрацијата претставува сервис на граѓаните, соопштија од Министерството./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

