Македонија
Од Македонија заминале 500 луѓе во Србија, но не се третираат како бегалци
Во текот на викендот, за време на судирите во Куманово, од Македонија во Србија дошле околу 500 граѓани кои се сместени кај роднини и пријатели и не се сметаат за бегалци, изјави во вторник помошникот на комесарот за бегалци и мигранти, Иван Гергинов.
Гергинов за српската агенција Бета изјави дека граѓаните дошле на територијата на Србија на 9 и 10 мај но никој не ги попишувал или анкетирал.„Ние, за секој случај имаме подготвени капацитетите во Бујановац, Прешево и Врање“ изјавил и додал дека во општина Прешево постои и кризен штаб.Тој јавно повика сите семејства кои имаат проблеми со финансиите, здравјето или што и да е друго да се јават во Црвениот крст, кај специјалниот пратеник за бегалци или центарот за социјална работа.Во Куманово во саботата и неделата имаше вооружен судир меѓу полицијата и терористичка група во којшто загинаа осум полицајци и најдени се 14 тела на припадници на терористичката група./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

