Македонија
Одбиено барањето на СЈО за претпазливост за Мијалков и Грујовски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/mijalkov20vo20sud-4.jpg)
Основниот суд Скопје 1 Скопје соопшти во петокот вечерта дека се одбиени барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за мерки за претпазливост за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за поранешниот началник на Петтата управа при Министерството за внатрешни работи, Горан Грујовски и за уште едно осомничен лице.
„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки на претпазливост за три лица опфатени во предметот на СЈО, во јавноста познат како ’Трезор’, во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка вчера дојдоа трите лица кои во присуство на нивен бранител и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот со што судијата на претходна постапка донесе одлука со која предлогот на СЈО за определување на мерки на претпазливост за сите три лица се одбива како неоснован“, се наведува во соопштението на сопскиот Кривичне суд.
Претходно, Судот одби изземање на судија за овој случај. СЈО барање изземање поради тоа што деверот на судијката соработувал со компанијата „Финзи“, клучна во истрагата за овој случај.
СJO го објави отворањето на овој случај годинава на 28-ми септември, најавувајќи сомневање дека преку злоупотреба на положбата овие функционери ја искористиле функцијата за лично богатење и стекнување имотна корист.
Три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР прибавиле имотна корист од 862.045 евра преку компанијата Финзи ДОЕЛ, при набавка на опрема за телекомуникација од Велика Британија. Директор на оваа компанија беше Коста Крпач, наводен сведокот на СЈО кој во април годинава се самоуби во својот стан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.