Македонија
Одбраната на Кежаровски најавува барање за вонредно преиспитување на пресудата пред Врховен
Барање за вонредно преиспитување на пресудата пред Врховниот суд со цел да се исцрпат сите правни лекови во Македонија е следниот чекор на одбраната на новинарот Томислав Кежаровски.
„Откако ќе ја разгледам пресудата, ќе поднесеме барање за вонредно преиспитување на пресудата пред Врховниот суд со цел да ги исцрпиме сите правни лекови во Македонија и да поднесеме жалба пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели адвокатот Филип Медарски.Според него, пресудата е атак на слободното новинарство и е преседан во Европа.Апелациониот суд ја намали казната на Кежаровски од четири и пол години на две години затвор. Кежаровски шест месеци помина во притвор во затворот во Шуто Оризари, а од тогаш е во домашен притвор. Со оглед на тоа дека ќе му се смета и времето поминато во притвор, на Кежаровски му остануваат помалку од три месеца за издржување на казната.Од Основниот суд 1 велат дека во процедура е испраќањето на пресудите до странките и дека не може да прејудицираат дали Кежаровски ќе го издржува останатиот дел од казната во затвор./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Неколку скопски улици денеска без вода
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на булеварот Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе преземе одреден технички зафат кој ќе се одвива денеска.
Прекин на водоснабдување на денеска од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување

