Македонија
Одложено рочиштето за Зоран Божиновски за крајот на септември

Судењето за новинарот Зоран Божиновски, што требаше да се одржи во четврток, е одложено за крајот на овој месец, затоа што Основниот суд Скопје 1- Скопје не може да ги добие доказите бидејќи предметот „Шпион“ е на јавна седница во Апелациониот суд.
Судијката ги побарала доказите уште во август, но сè уште нема добиено одговор од Апелациониот суд.Новинарот Зоран Божиновски, кој е во притвор од април годинава, во четврток не беше спроведен во Кривичниот суд каде што требаше да започне судењето против него.Судијката Сандра Крстиќ која го води предметот во кој обвинет е Божиновски, рече дека сѐ уште ги нема добиено доказите кои се дел од предметот „Шпион“.Божиновски беше дел од предметот „Шпион“, но постапката за него беше раздвоена бидејќи тој беше недостапен. Сега Основниот суд Скопје 1 – Скопје не може да ги добие доказите бидејќи предметот „Шпион“ е на јавна седница во Апелациониот суд. Судијката ги побарала доказите уште во август, но сè уште нема добиено одговор од Апелациониот суд.Јавната седница за „Шпион“ се одржува во четврток и во петок во Апелациониот суд, а судењето за Божиновски беше одложено за 27 септември.Во 2014 година беше донесена пресуда за овој случај во којшто се осудени главно сегашни и поранешни припадници на разузнавачката агенција, Управата за безбедност и контраразузнавање, како и Министерството за одбрана.Осудените се товарат дека се занимавале со шпионажа, но и со уцена на влијателни личности во Македонија од кои барале пари за да не им објават детали во јавност од нивните приватни животи.Во меѓувреме, надлежноста над предметот ја презеде Специјалното јавно обвинителство, кое исто така утре на јавната седница во Апелација, треба да се произнесе за наводите во жалбите на одбраната. Новинарските организации со мирен протест пред Кривичниот суд побараа Божиновски да биде пуштен од притвор и предметот против него да биде предаден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наизменично се пропуштаат возила од и кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека почна наизменично пропуштање на возила на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во едниот, па во другиот правец.
Од таму апелираат до граѓаните, доколку тоа не е неопходно, да не тргнуваат кон ГП Блаце, се до целосно нормализирање на сообраќајот, односно целосно гасење на пожарот во близина на патот.
Македонија
Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици во Скопје, но сосема јасно се гледа каде чади од скопската обиколница, посебно од делот кај Волково.
Освен пожарот кој избувна синоќа над магистралниот пат кон Блаце во близина на Скопје, чад се крева од повисоки делови.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојаче Ангелов, попладневно од Чучер-Сандево испрати видеопорака во која вели дека нема опасност за куќите.
„Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое што е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент, од она што можам да го видам нема реална опасност по околните куќи иако има неколку куќи кои се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители и благодарение на две екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита и една екипа на Национални шуми, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба за ширење паника. Паниката не ни помага“, рече директорот Англеов.
Тој се заблагодари на локалното население кое активно се вклучило во гасењето на пожарот покрај пожарникарите. Кажа дека манастирот Св. Никита, за кој на социјалните медиуми се ширеа вести дека е загрозен, е далеку од огнот. Ангелов вели дека дури и да почне да се шири огнот натака, ќе му требаат неколку часа за да стигне до манастирот, а на терен има и пожарникари и локално население.
„Пред малку беше ужасно, сега моментално е малку смирено. Моментално нема опасност за селото. Опасно беше над манастирот и во регионот каде што се викендиците“, вели локалецот Љубиша Стојковски кој го гаснел пожарот.
Додека тие зборуваа се слушнаа неколку експлозии за кои Стојковски објасни дека доаѓаат од сртот на планината каде што е забрането да одат луѓе.
Се уште се шири и пожарот кај Блаце кој избувна вчера, а попладнево Министерството за внатрешни работи целосно го сопре сообраќајот во делот Стенковец – граничен премин Блаце и го затвори граничниот премин.
Македонија
Сиљановска-Давкова на средба со независни советници: реафирмирана потребата од постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик

Независните советници сметаат дека со актуелните измени на Изборниот законик коишто предвидуваат обврска за собирање повеќе од 1% потписи од електоратот за поднесување независни кандидатски листи во некои општини, се доведуваат во нерамноправна положба во изборниот процес.
За нив, горенаведените измени се противуставни како од процедурален заради скратената постапка, така и од материјален аспект заради дискриминацијата.
Тие очекуваат од пратениците законско решение што ќе води сметка за уставно загарантираната еднаквост на пасивното и активното избирачко право на секој граѓанин, поттикнување на политичкиот плурализам и овозможување фер и демократски избори.
Претседателката ја реафирмираше потребата од инклузивна постапка во функција на постигнување широк консензус за измените на Изборниот законик, почитување на меѓународните изборни принципи, правила и добри практики, како и водење сметка за одлуките на Уставниот суд.