Македонија
Одобрен обвинителниот акт за починатата родилка и новороденчето од Гевгелија
По поднесен обвинителен акт од Основното јавно обвинителство – Велес, Советот за оцена на обвинителните акти при Основниот суд – Велес донесе Решение со кое е одобрен Обвинителниот акт поднесен против тројца лекари – еден анестезиолог и двајца гинеколози
Обвинението беше поднесено поради нивно несовесно постапување на 22.10.2015 година, при породување на пациентка во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, што резултираше со смрт на родилката и на нејзиното новородено. Решението за одобрување на Обвинителниот акт е донесено по приговорите поднесени од страна на обвинетите и нивните бранители.За потсетување, по спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство – Велес во Основниот суд во Велес поднесе обвинение против Т.В. – лекар специјалист – анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, В.Ч. и Д.М. – лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето.Обвинителството донесе Наредба за запирање на истражната постапка што се водеше против четвртото осомничено лице, кое во меѓувреме почина./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

