Македонија
ОЈО: Кај началникот на СВР Куманово најдени податоци поврзани со злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во средата во врска со акцијата од вторникот попладне во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово. Стојанче Величковиќ која се одвивала по наредба на судија во претходна постапка, информираше дека во рамките на предистражна постапка што се води во ова обвинителство, извршен е претрес на домот на началникот
„Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, особено изнесените информации дека требало да се приведува Величковиќ, или како што наведува Обвинителството „лицето С.В“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, исто така, информира дека преземените дејствија се во согласно со издадената судска „Наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето“.
Наредбата за претрес на дом е издадена од страна на Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули) се активира фаза 3, што ќе трае до 08 јули, вторник.
На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:
– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).
-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;
– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;
-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;
-Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.
Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност.
Македонија
Рекордна потрошувачка на вода во Скопје, неконтролирано се вадат бавчи и перат автомобили, велат од Водовод

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода констатира енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.
Конкретно на ден 23 јуни, дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.
Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени. Воедно апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата.
„Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk“, велат од Водовод.
Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
Македонија
Костадиновски на средба со Мартин Памер за предизвиците со кои се соочува Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија.
Костадиновски го информираше амбасадорот Памер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и го запозна со приоритетите во неговиот мандат.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од унапредување на соработката помеѓу двата уставни судови за што претседателот Костадиновски предаде покана за претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартер.
Амбасадорот Памер истакна дека ќе се заложи за воспоставување на билатерална соработка меѓу двата суда, нагласувајќи дека високо ја цени посветеноста на Уставниот суд на Република Северна Македонија кој има круцијална улога во обезбедување на владеењето на правото и правната држава.