Македонија
Во Скопје се одржа протестен марш под мотото Завет за Македонија
Протестен марш на здружението на граѓани „врдокорни против, како што велат, поделбата на Македонија и воведување на уште еден јазик се одржа во петокот вечерта во центарот на Скопје.
Собирот под мотото „Македонски марш – завет за Македонија“ започна од пред Соборнит храм, по што граѓаните се упатија до споменикот на бранителите во паркот Жена борец, каде беше положено цвеќе.
Портпаролот на здружението Горан Угриновски, изјави дека собирот е поради молкот на оние кои се сметаат дека се најголеми и дека не ги интересира кој ќе ја формира владата.
„Она што нé интересира и она на коешто сакаме јавен одговор е зошто по објавувањето на платформата политичарите молчеа. Бараме одговор што договоривте во Мала Речица. Зошто не испаднавте храбри и јавно уште првиот ден да го отфрлите тоа ништожно парче хартија“, рече Угриновски. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
