Македонија
Судскиот совет ќе избира прв човек на скопска Апелација

Судскиот совет на седница ќе избира прв човек на Апелациониот суд во Скопје на местото на сегашната претседателка, Љиљана Ивановска-Шопова, која е пред пензија. На огласот се пријавиле 11 кандидати, од Апелациониот суд во Скопје и од Основниот суд Скопје 1, од Управниот суд, од скопска двојка и од кавадаречкиот суд.
Неофицијално, како еден од можните идни претседатели на Апелација се споменува судијката Добрила Кацарска, која суди дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство, а не е исклучена можноста и за судијката Гордана Спиревска. Досегашната претседателка на судот, Љиљана Ивановска-Шопова, како претседателка на кривичниот совет, дозволи бомбите на СЈО да бидат доказ во постапките.
На седницата, како што е објавено на веб-страницата на Советот, членовите ќе го разгледуваат и извештајот за АКМИС-от кој го достави Министерството за правда за злоупотреби при распределба на предмети во скопска единица и во Врховниот суд, како и петте барања за разрешување судии, постапка која беше иницирана од укинатиот Совет за утврдување факти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.