Општество
Дали градоначалникот на Зрновци си поигрува со животите за жителите од оваа општина?!
Во саботата во просториите на Домот на културата во Општина Зрновци се одржа граѓански собир организиран од градоначалникот на општината, Блаже Станков, а темата на собирот беше носење заедничка одлука за користење на мостот којшто е прогласен за опасен и за технички неисправен од страна на експерти од Градежниот факлутет пред речиси две години.
Состојбата со мостот на реката Брегалница веќе неколку години претставува опсаност за граѓаните, а прашањето околу мостот неколкупати беше актуелизирано во јавноста. Функционерите од власта со години ветуваа нов мост на реката Брегалница при влезот во Зрновци, и за локални и за парламентарни избори, но по секои завршени избори ова прашање се забораваше.
Состојбата со мостот ескалираше за време на поплавите во февруари 2015 година. Тогаш мостот беше затворен и забранет за употреба, а граѓаните на Зрновци и околните села возеа по дополнителни 20 километри во еден правец за да стигнат до Кочани.
Во тој период се ветуваа брзи решенија, односно паднаа ветувања дека се чека да се подобри времето за да може да влезе механизацијата и дека веднаш ќе започне со решение на проблемот и отстранување на опасноста. Не едно, поминаа две лета, а еве сме на прагот и на третата зима. Останаа само ветувањата за реконструкција, а мостот е во иста состојба.
Разликата е во тоа што истиот мост, сепак, се користи! За иронијата да биде уште поголема, на синоќашниот граѓански собир градоначалникот успеа да издејствува гласање и изгласување на одлука од граѓаните за користење на мостот и оваа зима. Граѓаните уморни од месечните заобиколувања преку Виница до Кочани, со педесетина километри плус за секое патување, охрабрени од градоначалникот самите си донесоа одлука за користење на мостот.
Институциите молчат, локалната самоуправа е „затекната“ од зимата и својата неспособност да реализира тендер со донација, а ризикот се префрли на граѓаните. Градоначалникот си се „покри“ преку колетивна одлука, која воопшто не е законска, затоа што ваквите граѓански одлуки се носат исклучиво на локален референдум, а не на собир на граѓани, но по оваа манипулација градоначалникот можеби помирно ќе спие.
Доколку не се случи да се урне мостот додека го минува некој автобус или камион, сé додека не се случи трагедија,сите ќе се однесуваат како да е сето тоа сосема нормално. А според кажаното и од од градоначалникот, стотина ученици и околу двеста работници секојдневно минуваат по мостот.
Пред речиси две години Станков вети дека ќе се заборави заобиколниот пат преку Виница, и еве навистина е заборавен. Но сé уште се користи ризичниот мост, а нема ни најава од почеток на изградба на новиот мост, за кој UNDP обезбедија дел од финансиските средства, а вкупната вредност на мостот е милион двеста ипедесет илјади евра.
Екипата на Макфакс ќе продолжи да истражува на оваа тема. Во следната објава за овие случувања ќе читате повеќе за тендерската постапка и причините за доцнењето со изградбата./крај/мф/вц
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

