Општество
Децата правобранители во посета на канцеларијата на омбдусманот
По повод 20-ти ноември, Светскиот Ден за превенција на злоупотреба и насилство кон децата, заменик народниот правобранител одговорен за детските права, Васка Бајрамовска Мустафа, во среда (19.11) се сретна со децата правобранители од Тетово, Гостивар и Куманово во Канцеларијата на народниот правобранител на Република Македонија.
На средбата децата правобранители имаа можност да се запознаат подетално со функцијата Народен правобранител на една држава, одговорностите на истата, како и улогата која оваа функција ја има кон граѓаните во остварување и заштита на нивните права.
Народниот правобранител на РМ на суптилен и професионален начин успеа да ги информира децата кои се нивните права, како да се заштитат при повреда од истите, злоупотреба на нивниот интегритет и развој,или пак од евентуално сторено насилство врз нив. Дискутирајќи за проблемите со кои се соочуваат децата во рамките на нивното работење во училиштето, Народниот правобранител им ја долови одговорноста и обврската која овие детски правобранители ја имаат, да умеат успешно да ги препознаваат повредите на детските права во текот на училишната настава и истовремено да интервенираат до училишниот кадар, како и до Заменикот на Народниот правобранител на РМ, се со цел да помогнат во зајакнување на заштитата на детските права.
Дете правобранител од Гостивар по средбата изјави: „Ни беше многу интересно и корисно на средбата со Правобранителот. Таа ни посочи и укажа како подобро да ги унапредиме нашите детски права во училиштето”.
Во периодот февруари – март 2014 година се реализираше обука за 15 деца правобранители од пет основни училишта од Прилеп, Тетово, Дебар, Куманово и Кавадарци и истата имаше за цел да ги едуцира децата правобранители за Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на детето (UNCHC) и да се утврдат начините на соработка, како и функционирање со Народниот правобранител на Р. Македонија задолжен за детските права.
Моделот на дете правобранител функционира во 10 основни училишта во Македонија е единствен во Југоисточна Европа и претставува одлична институционална алатка за пренесување на Конвенцијата на Обединетите Нации за заштита на детските права, како и за заштита на детските права во училиштатата.
Овие активности се спроведуваат во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Детската Фондација Песталоци. Коалицијата на младински организации СЕГА е формирана во 2004 година со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на Р.Македонија и да помогне во исполнување на потребите на младите. Коалицијата ја сочинуваат 22 членки.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

