Општество
Фридом хаус: Македонија сé уште земја во транзиција
Во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција“, Македонија и натаму останува во групата „преодни влади или хибридни режими“.
Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на Фридом хаус. Во најновиот извештај на Фридом Хаус се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите изборен процес и граѓанско општество. Се забележува дека претседателските и предвремените парламентарни избори во април 2014 година биле нарушени со провладини публикации во медиумите и пристрасност и злоупотреба на административни ресурси, што доведе до долготраен бојкот на парламентот од страна на опозицијата.Владата, како што се оценува во извештајот, продолжува да спроведува голем број позитивни институционални реформи што ги бара Европската унија, но загрижувачките случувања во последните неколку години ја довеле под прашалник посветеноста на владејачката партија во врска со политичкиот плурализам и транспарентноста.Во извештајот се забележува и тоа дека граѓански групи и спонтани народните движења беа против проблематичните владини предлози, вклучувајќи ги и оние за поткопување на независноста на универзитетите.Инаку, од седум земји на Балканот, четири забележуваат пад во демократските процеси, главно поради состојбата на медиумите и судството. Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата ѝ донесоа напредок на Албанија.Фридом хаус констатира дека напорите за демократизација во Европа и Евроазија, се соочуваат со нови, сé повеќе агресивни напади од страна на авторитарните држави и други противници.Бројот на земјите во Евроазија кои добија најлош пласман во извештајот речиси двојно се зголеми во последните десет години.„За разлика од Евроазија, условите во Централна и Источна Европа сé уште се подобри, но зголемената корупција, злоупотребата на моќта и подемот на екстремистички партии направија многу земји да бидат подложни на мешање од Москва“, констатира оваа американска невладина организација.Од 29 земји, 13 се оценети како демократии, 6 како транзициони и 10, како авторитарни режими.Најмногу, во извештајот, назадувала Русија поради „задушувањето на домашните протести“ и „обидите за дестабилизација на новата влада во Украина“. Пад забележа и Унгарија којашто од „консолидирана сега е во земјите со полу консолидирана демократија“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

