Контакт

Општество

Годинава нови 39 заболени, меѓу кои и 10-годишник, и три смртни случаи од ХИВ/СИДА

Објавено пред

Во текот на 2014 година во Република Македонија се регистрирани 23 нови ХИВ позитивни лица и 16 заболени од СИДА или вкупно 39 нови регистрирани случаи на болни, од кои едно е десетгодишно дете, се наведува во најновиот извештај „Факти за ХИВ/СИДА во Република Македонија за 2014 година“ објавен на интернет страницата на Институтот за јавно здравство.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во текот на годинава се регистрирани три смртни исходи од СИДА.

Две од лицата со ХИВ/СИДА се на возраст од 10 до 19 години, 16 лица спаѓаат во возрасната група од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, три лица од 40 до 49 години, а четири лица се во групата повозрасни од 60 години.

Според половата припадност, 37 од заболените се мажи, а две се жени.

Од вкупно 39-те регистрирани случаи во текот на оваа година, дваесет случаи се забележани во главниот град Скопје, четири во Кочани, три во Штип, по две лица се заболени во Свети Николе, Кавадарци и во Прилеп, а по еден заболен е регистриран во Тетово и во Струмица, како и еден странски државјанин.

Според начинот на пренесување, кај десет лица имало хетеросексуален начин на пренос на ХИВ, кај 25 лица преку сексуален контакт на машко со машко лице (МСМ), кај три лица е непознат начинот на трансмисија, а кај едно лице со инјектирање дрога.

Состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија добиени врз база на епидемиолошките податоци за период oд 1987 година, кога е регистриран првиот случај, па заклучно со 28-ми ноември 2014 година, покажува дека за споменатиот период вкупно се регистрирани 236 лица кои живеат со ХИВ/СИДА.

Според возрасните групи на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, се покажува дека возрасната група од 0 до 6 години учествува со 5 лица, од 7 до 14 години учествува со едно лице, од 15 до 19 години се регистрирани 5 лица, возрсната група од 20 до 29 години учествува со 70 лица, најбројна е возрасната група од 30 до 39 години којашто учествува со 93 лица, од 40 до 49 години има 35 лица, од 50 до 59-годишна возраст се регистрирани 20 заболени лица и во возрасната група од над 60 години за речиси четири децении се регистрирани 7 лица кои живееле со ХИВ/СИДА

Според начинот на пренесување на ХИВ, се констатира дека досега за споменатиот период кај 114 лица е добиен податок за хетеросексуален контакт при трансмисија на ХИВ; кај 93 лица бил сексуален контакт на маж со маж (МСМ); кај 12 лица било интравенско користење на дрога (лица кои инјектираат дрога – ЛКИД); 6 лица биле хемофиличари; кај 6 лица е регистрирано пренесување на ХИВ од мајка на плод и за 5 лица не е добиен податок за начин на трансмисија на ХИВ. Од вкупно 236 лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 189 лица се од машки пол, а 47 лица се од женски пол.

Случаите со ХИВ/СИДА се регистрирани во 25 општини на државата, и тоа најголемиот број од нив се регистрирани во Скопје – 108 лица, Тетово – 23, Куманово – 14, Прилеп – 10, Охрид – 9 и Кичево – 8 заболени лица. Во овие шест општини се регистрирани вкупно 172 лица кои живеат со ХИВ/СИДА или 75 отсто од сите регистрирани случаи во државата.

Во вкупниот број на регистрирани случаи 10 лица се од странство.

Заклучно со 1-ви декември 2014 година, во Македонија од СИДА се починати 75 лица од СИДА.

Во земјата има вкупно 160 лица кои се болни од СИДА и 76 кои се ХИВ позитивни.

Инаку првиот ХИВ позитивен случај во Македонија е регистриран во 1987 година, додека прво лице заболено од СИДА е забележано во 1989 година, а истата година е забележан и првиот смртен случај од СИДА./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет3 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа3 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија13 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија21 час

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија23 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...