Општество
Груевски: Граѓаните дополнително ќе заштедат од новото намалување на лековите
Новото намалување на цените на 165 лекови ќе значи дополнителна заштеда за граѓаните, а со досега намалените цени на вкупно 4.900 лекови, вкупната заштеда на граѓаните изнесува 33 милиони евра, оцени во петокот челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
До неодамнешниот примиер потсети дека во изминатиот период цените на лековите биле дури осум пати намалувани.
„Во последните осум намалувања на цените на лековите се направи заштеда од 33 милиони евра за граѓаните. Тие пари, наместо да отидат во џебовите на одредени фармацевтски олигарси, останаа во џебовите на граѓаните. Наместо да ги потрошат за лекови, граѓаните ги заштедија. Тоа е главниот бенефит. Ќе продолжиме и натаму со истражување на пазарот и можностите за намалување на цените на лековите“, порача Груевски кој во петокот престојуваше во Куманово каде во употреба беа предадени новите простории на Државниот архив и МВР во Куманово, сместени во реновираниот објект на поранешниот Дом на АРМ.
Груевски истакна дека во минатото се тврдело дека намалувањето на цените на лековите ќе придонесе за снемување лекови од пазарот, како и оти ќе стане неисплатливо за фармацевтските компании да се продаваат лекови по пониските цени.
„Тоа се покажа како тотално неточно. Сега имаме деветто намалување на цените на лековите во кое има намалување за дури 40 до 50 отсто. Очигледно дека во минатото, кога немаше регулација во овој сектор, профитите на фармацевтските компании беа енормни на грбот на болните и на граѓаните“, констатираше Груевски.
Според него, во Европа речиси и да нема држава во којашто продажбата на лековите е регулирана како што била во Македонија.
„Во тоа време некому му одговарало цените на лековите да не бидат регулирани за да може одредени фармацевтски куќи да прават огромни заработки. Имајќи предвид дека властите во тоа време не реагирале, сосема е јасно дека имале некаков интерес од тоа што се држеле високи цени на лековите, што паѓало на товар на граѓаните“, нагласи Груевски.
Порача дека Министерството за здравство и натаму ќе работи на можни натамошни намалувања на цените на лековите при што внимава да не се загрози работењето на фармацевтските куќи во смисла на нивно носење во загуби, но пред се внимава на граѓаните да не плаќаат лекови со цени во кои се вградени огромни профити./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

