Контакт

Општество

Итни мерки против загадувањето, предвремен распуст за учениците, користење јавен превоз, контроли…

Објавено пред

Предвремено започнување на зимскиот распуст за учениците, намалување на цената на билетот во јавниот превоз, чистење на улиците, поголема контрола на инсталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи, препорача во петок министерот за животна средина Нурхан Изаири.

Тој уште препорача и мерка на сите правни субјекти (работодавци) во градот Скопје и општина Тетово за ослободување од работни обврски на хронични болни, бремени жени и лица постари од 60 години.

„Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје и општина Тетово и Државниот инспекторат, во период на алармантна состојба на загадувањето на амбиентниот воздух да воведат редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа“, се вели во соопштението.

 Понатаму се бара да сопрат градежните активности и да се ослободат работниците кои работат на отворено од работните обврски.

Покрај тоа, до граѓаните се препорачува да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.

 Препораките следат откако изминатите 10 дена во Скопје и Тетово, е забележано повеќекратно надминување на граничните вредности на ПМ 10 честичките. /крај/со/ст

Извор: Макфакс

Македонија

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабетес и зголемена тежина, а починатиот од Дебар имал хронично опструктивен бронхитис и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.  Починатиот од Куманово епидемиолошки се поврзува со член од семејството којшто бил на патување во странство, во Франција пред отприлика две недели.

Со ова вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 9.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени се 44 нови случаи на коронавирус во земјата, што е најголема бројка на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата.

Од новозаразените најмногу се од Куманово – 23, 12 од Скопје, 2 од Тетово, 3 од Битола, 2 од Струга и по еден од Штип и Прилеп.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 329 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на коронавирусот се регистрирани во Скопје (176), Дебар (47), Куманово (47), Штип (15), Тетово (8), Прилеп (10), Струга (7), Велес (6), Битола (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Гостивар (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Гевгелија (1).

Прикажи повеќе...

Македонија

Кинеската полиција донира заштитна опрема за македонските колеги

Објавено пред

Кинеската амбасадата во Скопје денеска донира медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на полициските службеници, кои заедно со здравствените работници се на првата линија во борбата со коронавирусот.

Како што информираат од МВР, оваа пратка е остварена на претходно барање од страна на министерот Наќе Чулев, а преку Амбасадата на Народна Република Кина.

Чулев и денеска изрази благодарност до, како што рече, кинеските пријатели за хуманата донација изразувајќи надеж дека и во периодот што претстои ќе можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Сместени 154 луѓе во карантин во хотелите на ЕСМ на Попова Шапка

Објавено пред

154 лица се сместени во државен карантин во хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ. Сместувањето е извршено во текот на вчерашниот и денешниот ден. Граѓаните се вратени со два лета од Виена, Австрија, и од Базел, Швајцарија.

При приемот лицата се контролирани и анкетирани од страна на медицинска екипа од Клиничкиот центар Тетово, со постојано присуство и асистенција на МВР.

Дистрибуцијата на храна, вода и средства за хигиена до собите се извршува од страна на вработените во „Елемтурс“ според пропишаните процедури и протоколи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија9 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија10 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија10 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија11 час

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија12 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија13 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет13 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија14 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет15 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет17 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија18 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет18 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет19 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет19 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија19 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 ден

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 ден

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија1 ден

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Досие