Контакт

Општество

Иванов: Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот

Објавено пред

По повод 20-ти ноември, Меѓународниот ден на детето, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати порака во којашто потенцира дека правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот.

dobivaj vesti na viber

 

„Пред 25 години светот ја усвои Конвенцијата за правата на детето. Со оваа Конвенција човештвото првпат во историјата јасно и недвосмислено ги дефинираше неоттуѓивите права на најмладите граѓани на државите во светот. Правото на живот и здравје, опстанок и развој, заштита, образование и еднакви можности, независно од полот, јазикот, етничката, верската, социјалната или која и да е друга припадност. Конвенцијата утврди дека, како и возрасните, така и детето има неоттуѓиво право на човечко достоинство, на слобода на мислење, совест и вероисповед, но и право на зачувување на сопствениот идентитет“, вели Иванов.

 

„Правата на детето претставуваат основа на слободата, правдата и мирот во светот. Од почитувањето на нивните права зависи иднината на секоја држава. За кого инаку градиме патишта ако не за нашите деца? За кого градиме училишта и спортски сали? Дали можеме да имаме економски раст ако дозволиме да се занемари најважното во нас, а тоа е грижата за нашето потомство? Кога пред 35 години Мајка Тереза ја доби Нобеловата награда за мир, ја прашале што може да се направи за да се унапреди светскиот мир. Таа рекла ’оди дома и сакај го твоето семејство’. Мајката на XX век, родена во Скопје, во Македонија, беше свесна за основната, света должност на родителот кон детето. Состојбата со правата на децата е нераскинливо поврзано со условите за живот на нивните семејства, кои се столб на секое општество. Како лулка и светилник на вистинските вредности, во која непрестајно зрачи сигурност, светлина и топлина на животот, семејството мора да се негува, поттикнува и зајакнува. Семејството е засолниште од животните бури, и заштитник од не ретко присутните девијации. Во добро семејство растат и живеат среќни луѓе. Во семејството родителите им даваат на своите деца безусловна љубов и успеваат да ги подготват за сите предизвици што ќе ги имаат во животот“, се вели во пораката на претседателот Иванов.

 

„Во Република Македонија, како и на многу други места низ светот, семејството се наоѓа под удар на повеќе фактори. Од многуте ги издвојуваме социоекономските предизвици, губењето на традиционалните семејни вредности под влијание на модерното темпо на живот, се поголемите обврски кои не дозволуваат доволно заедничко време со децата. Затоа, семејството треба да има примат при заштита и поддршка на децата. Неопходно е семејството да остане основен стожер на општеството и уште повеќе да ја зајакне својата улога. Мора да продолжиме да се залагаме за негова посебна заштита од страна на институциите. Државата мора да биде и да остане најсилниот сојузник на семејството, на родителите и на нивните деца. Мора да работиме на намалување на социјалните ризици на кои е изложено семејството, а со тоа и децата. Секое семејство треба да биде дел од големото семејство, државата. Свесна дека ништо не може да го замени семејството, сепак, државата преку институциите се наоѓа и во улога на семејство на децата без родителска нега. Посветена на солидарноста, и свесна за потребата за поголемо интегрирање на децата со пречки во развојот во образовните и рекреативните програми, државата мора да обрне повеќе сметка на можностите, за нивно добро“, стои во пораката на македонскиот претседател.

 

„Неопходно е да се погрижиме релативно добрите услови за живот, развој образование на децата во голем број на семејства, да важат кај сите. Не смееме да дозволиме кршењето на правата на децата да биде игнорирано или, уште полошо, сфатено како нешто што е нормално и прифатливо. Затоа, да издвоиме повеќе време за поддршка на децата од понесреќните семејства. Важно е да се истакне дека решенијата ги имаме, и се тука, пред нас. Посветена на реформите, Република Македонија со своите постоечки институции, системи за заштита и подобрување на животот на децата, добива солидни резултати. Потребно е нашите позитивни искуства да се пренесат кај семејствата и во заедниците во кои се уште се случува децата да бидат ранлива категорија. Партнерството меѓу државните институции, УНИЦЕФ, специјализираните невладини организации и медиумите е многу значајно и не снабдува со неопходните информации за состојбата на децата. За поздравување е активизмот за отворање на ова прашање пред политичките институции и застапувањето на правата и потребите на децата. Согласни сме дека на децата им е потребно некој да крене глас во нивно име и да ни помогне како да ги примениме светските искуства и придобивки и кај нас“, порачува Иванов.

 

„Децата учат од возрасните. Она што го примаат, тоа и го рефлектираат. Неопходно e децата во Република Македонија да растат во духот на македонскиот модел на соживот и почитување на различноста. Градењето доверба го градиме и институционално, но и вонинституционално. Преку образованието, спортот, културата, уметноста, со натпревари, концерти, изложби и заеднички проекти. Сето тоа ни е неопходно за да подигнеме здрави генерации кои ќе бидат носители на идниот севкупен развој на општеството во духот на заедништво, соработка и другарување, без разлика на етничкото, религиозното или социјалното потекло. Со тоа градиме култура на почитување на правата на децата и инвестираме во иднината на Република Македонија“, заклучува македонскиот претседател во својата порака./крај/мф/бс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија8 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија10 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија12 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија13 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија14 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија14 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија14 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија14 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија14 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија14 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија15 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија16 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа17 часа

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет17 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет18 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет18 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет18 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет18 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија1 ден

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...