Општество
Ќе се набавуваат нови 56 биохемиски анализатори
Нови апарати за лабораториските анализи ќе добијат сите Јавни здравствени установи во Македонија, најави премиерот Никола Груевски, во сабота при промоцијата на нова медицинска опрема во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Нови апарати за лабораториските анализи ќе добијат сите Јавни здравствени установи во Македонија, најави премиерот Никола Груевски, во сабота при промоцијата на нова медицинска опрема во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Апаратите се набавени по моделот за набавка на реагенси, односно се набавуваат реагенси, а во набавката се добива на користење апаратот без да се плаќа на три години. По три години ќе се распише тендер за реагенси и тој што ќе го добие тендерот го доставува на користење апаратот.
„Апаратот има силен капацитет, прави 400 анализи во еден час и планот е во наредните две недели да се објави јавен повик за набавка на реагенси за уште 56 јавни здравствени установи и тие заедно со реагенсите ќе добијат бесплатни апарати. Практично сите ЈЗУ во Македонија кои имаат потреба од лаборатории за крвни анализи ќе добијат ваков апарат по цени кои се многу подобри од минатото“, рече Груевски.
Досега се набавени 14 апарати, а во мај се очекува новите апаратите да пристигнат и да бидат ставени во функција со што сите ЈЗУ ќе имаат апарати и доволно реагенси за секој од нив.
Исто така, поправката на апаратите не е на товар на болниците, доколку тој се расипе набавувачот на реагенсите е должен да ги поправи. Како што нагласи Груевски, ова е модел кој се користи за прв пат, а утврдено е дека го задржува квалитетот и заштедува пари во буџетот.
Во рамки на посетата на болницата, премиерот додаде и дека за околу две недели ќе биде објавен јавен повик за набавка на четири ендоскопски столови, два кревети кои се потребни за пациенти со изгореници и еден мамограф за ГОБ „Св. Наум Охридски“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

