Општество
Ќе се посвети парк на жртвите во сообраќајот
Со повеќе активности ќе биде одбележан 15 Ноември – Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, меѓу кои засадување дрвца, пешачки дефилеа во повеќе градови, едукативни предавања, јавни трибини, посета на гробот на Тоше Проески, крводарителна акција, организација на ликовна изложба и др.
Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот соопшти дека секоја година во светот околу 1,2 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди и околу 50 милиони се здобиваат со телесни повреди. Во Македонија, според податоците со коишто располага РСБСП во првите девет месеци во 2015 година се случиле 100 сообраќајни несреќи со загинати лица во кои што животот го загубиле 113 лица, а 4.684 се повредени.За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди, да се изрази почит кон загинатите, и солидарност кон нивните семејства, како и да се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот, Организацијата на Обединетите Нации усвои резолуцијата со којашто се повикува на обележување на третата недела од ноември како Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.Во насока на одбележување на овој ден во Македонија, а со цел повисоко ниво на сообраќајна свест и одговорност односно повисоко ниво на дисциплина во сообраќајот, РСБСП во соработка со партнерите во периодот од 15 – 22 Ноември ќе организира низа активности. Активностите ќе започнат во недела со засадување и промоција на парк посветен за жртвите кои оваа година го загубија животот во сообраќајни несреќи. Мото и пораката која РСБСП оваа година во рамките на Светскиод ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ја праќа до сите граѓани во Република Македонија е многу силна: Денови на сеќавање – време е да запрат кривичните дела на улиците. Исто така, беше соопштено дека успешно е реализирана до сега најголемата кампања за подигнување на свеста за заштита на децата во сообраќајот која што РСБСП во соработка со партнерите ја реализираше во изминатиот период, со која што Република Македонија се приклучи во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

