Општество
Македонија домаќин на iPROCEEDS – проект на ЕУ и Советот на Европа против компјутерски криминал и перење на пари
Светот во последно време е сведок на експлоатацијата на врвната технологија од страна на професионалните криминални делувачи кои што компјутерскиот криминалот го издигнаа на ново ниво, а токму поради сè поголемите закани, ЕУ и Советот на Европа создадоа цврста и стабилна соработка со цел да се применат потребните регулативни мерки и процедури која е насочена кон таргетирање на криминалните приноси од интернет во Југоисточна Европа и Турција (iPROCEEDS), проект чиј домаќин деновиве е Македонија.
На оваа голема конференција која во понеделникот се отвори во Охрид и на која освен Македонија учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Турција и Косово, членовите на националните тимови на проектот, партнерите на проектот, претставниците на меѓународни организации и многу други технолошки и економски експерти, се присутни и околу 80 кривични судски претставници, експерти за компјутерски криминал и претставници од финансиските институции и даватели на услуги.
Во понеделник и вторник во Охрид се дискутира за конкретните чекори кои што треба да се преземат за посилна јавна/приватна и меѓународна соработка за подобрување на финансиските истраги и конфискација на приносите од криминалот што се извршува онлајн.
Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на властите во регионот на проектот за пребарување, запленување и конфискација на приносите од компјутерскиот криминал и спречување на перење пари на интернет.
Во светот, поголемиот компјутерски криминал што е пријавен и истражен од страна на криминални власти правда е поврзан со различни видови на измама и други кривични дела со цел добивање на нелегални економски бенефиции. Генерирањето и перењето на огромни количини на приноси најчесто се врши преку интернет и преку употреба на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ). ИКТ се експлоатираат за широк спектар на сериозни и организирани криминални активности со динамична врска меѓу online и offline организираниот криминал. Во исто време, приносите од криминалот онлајн ретко се заплеуваат и конфискуваат. Ова е исто така и за земјите од Западен Балкан и Турција.
Реализацијата на конференцијата која ќе трае во понеделник и вторник е концепирана кон следниве теми: учествување на носителите на одлуки и проектните тимови во активностите на iPROCEEDS проектот, претставување на нацрт-извештај за состојбата на мерки против компјутерскиот криминал и откривање, заплена и конфискација на приноси од компјутерскиот криминал, како и мерки за спречување на перење пари преку интернет во областите/земјите каде што се имплементира проектот, постигнување на договор за работен план на проектот, иницирање на специфични проектни активности. Исто така, конференцијата ќе се состои од: сесија за претставници на националните капацитети и потреби поврзани со компјутерскиот криминал, таргетирање на криминалните приноси и спречување на перење пари на интернет, регионална работилница на приватното/јавното споделување на информации помеѓу институциите од финансискиот сектор, единиците за компјутерски криминал и другите засегнати страни, регионална работилница за меѓународна соработка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

