Општество
Министерот Лутфиу на доделувањето на дипломи на Универзитетот во Тетово
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу во саботата присуствуваше на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Универзитетот во Тетово.
Лутфиу во својот говор даде посебен акцент на родителите на студентите велејќи дека веќе го исполниле верскиот, моралниот и националниот услов. „Вие направивте се, со цел вашите деца да ги водите на вистинскиот пат, на патот на знаењето и науката. Родители, вашите деца секогаш најголемата поддршка ја имаат од вас. Вие секогаш ја замислувате иднината на вашите деца, Вие бевте заедно со нив во најтешките моменти. Исто така и најсреќните моменти ги делевте заедно. Вие сте извор на љубов, поддршка и се разбира материјална поддршка“, додаде тој.
Според Лутфиу, не случајно како прво се спомнува верскиот услов, бидејќи религијата вели дека едукацијата на детето започнува 20 години пред раѓањето, што подразбира дека едукацијата ќе влијае во воспитувањето на децата и дека обврска на секој родител е да ги воспита своите деца.
„Како втор услов го спомнав моралниот. Денес современиот свет не е заинтересиран за тоа кој си? Денес современиот свет е заинтересиран за тоа што имаш завршено, од кој универзитет доаѓаш и што знаеш да направиш! Денес почитувани присутни, насекаде се бара знаење и квалитет. Без знаење и квалитет не може да постои и здрав морал“, истакна во своето обраќање пред присутните министерот Лутфиу.
„И како трет услов не случајно го спомнав националниот услов. Нема да се фокусирам на историјата на нашиот народ“, додаде Лутфиу.
Лутфиу на крајот им се обрати на студентите со зборовите дека тие се во центарот на општествените процеси. „Сега вие ќе бидете носители на континуираните процеси, ќе ја изградите иднината на нашата земја и иднината на идните генерации, што значи дека не треба да се разочарате кога ќе се соочите со некој предизвик во животот, бидејќи треба да се сетите на овие радосни моменти, поддршката на родителите и посебноста на Универзитетот во Тетово“, порача министерот за образование./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

