Општество
Над 7.800 заболени од грип од почетокот на декември

Во системот МојТермин се евидентирани 7.807 заболени од грип од почетокот на декември до денеска, објави во вторникот Комисијата за заразни болести.
Имајќи предвид дека во претстојниот период се очекува постојано зголемување на бројот на заболени, Комисијата за заразни болести на седница донесе неколку препораки.
„Да се изврши темелна дезинфекција на сите детски градинки низ државата, од страна на Центрите за јавно здравје, во петок во попладневните часови и во сабота во претпладневните часови, а во училиштата да се изврши дезинфекција за време на распустот, односно пред почетокот на второто полугодие
Во сите детски градинки да се врши редовна дезинфекција (еднаш на секои 2 недели) во периодот на сезона на грип, како и континуирано да се одржува зголемено ниво на хигиена и почесто проветрување
Ограничување на посетите на хоспитализираните пациенти во болниците, со цел спречување интрахоспитални инфекции, како и вонредна темелна дезинфекција во сите јавни здравствени установи каде има хоспитализирани пациенти
Избегнување престој во поголеми собири каде што има присуство на поголем број луѓе, како и одбегнување на контакт со заболено лице“
Според информациите на Комисијата, во училиштата и градинките не е забележано поголемо отсуство на заболени деца, а имајќи предвид дека се наближува училишниот распуст, можноста за пренос на грипот меѓу учениците во училиштата се намалува./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Државниот завод за статистика: Да бидеме одговорни за успешен попис

Од Државниот завод за статистика информираат дека динамиката на попишување се одвива успешно.
Според нивните податоци, досега се попишани над 22 илјади лица од дијаспората.
Од оваа институција реагираат на, како што велат, низата шпекулации и дезинформации поврзани со најважната статистичка операција.
„Уште еднаш алармираме да не се пласираат лажни информации дека во апликацијата можеле да се внесат 13 нули во полето за матичен број. Ова не е возможно ниту, пак, видовме каков било доказ или print screen за вакво нешто. Сакаме јавноста да знае дека апликацијата не прави никакви приспособувања или обработка на податоците внесени од страна на попишувачите. Внесувањето на податоците и матичниот број е одговорност на секој поединец, кој пред законот е обврзан да внесува точни и проверени податоци“, стои во писмената реакција од Државниот завод за статистика.
Од таму додаваат дека внесените податоци од друга ИП-адреса преку VPN-врска на апликацијата за самопопишување не претставува дополнителен ризик за апликацијата, туку одговорнoст за самиот попишувач.
Истовремено, ја потсетуваат јавноста дека компанијата што ја изработи апликацијата за самопопишување, во согласност со Законот за пописот, е направена по светски стандарди и не може да биде одговорна за погрешно пополнети податоци од самопопишувањето.
„Ова, потенцираме уште еднаш, е одговорност на самите граѓани што ги внесуваат своите податоци, а тоа и е утврдено со законот. Да бидеме одговорни и заеднички да придонесеме за успешен попис“, апелираат од Државниот завод за статистика.
Македонија
Царовска: За квалитетно образование, инвестираме во инклузивни училишта

По денешната посета на Општината Ѓорче Петров, министерката за образование и наука, Мила Царовска, истакна дека еден од приоритетите на Министерството е вложување во образовната инфраструктура.
Според министерката, покрај квалитетот на наставата, образовната инфраструктура е еден од основните елементи во образовниот процес.
„За таа намена, во буџетот предвидовме средства од 1 милијарда денари, што е два и полпати повеќе од лани и тие ќе се распределат во општините во зависност од приоритетноста на потребите за интервенции што ги имаат пријавено во МОН. Со тоа ќе се подобрат условите за образование на над 100 илјади ученици и студенти, но и условите за работа на наставниот кадар“, рече Царовска.
Инаку, Општината Ѓорче Петров е дел од инвестициската агенда на МОН.
Министерката за време на посетата ја разгледа реализацијата на веќе почнатата изградбата на ОУ „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во населбата Хром.
Царовска додаде дека во општина Ѓорче Петров во моментот се реализира и друга поголема инвестиција – доградба на крило во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Волково, а преку проектот за изградба на 145 сали во план е и изградба на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“ во вредност од 22,7 милиона денари, како и замена на покривната конструкција во ОУ „Ѓорче Петров“ во населбата Ѓорче 1.
Македонија
(Видео) Нова мотоциклистичка опрема за полицијата

Припадниците на Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување во МВР добија на користење нова мотоциклистичка опрема, при што првпат добиваат два вида опрема – зимска и летна – триесет комплети, информираат од МВР.
Според ресорното Министерство, станува збор за обнова по цели дванаесет години, а опремата се состои од чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, панталони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци, маици, чија вкупна вредност изнесува 3.988.230 денари, односно 132.931 денар за еден комплет.
На настанот присуствуваше и министерот Оливер Спасковски, кој рече дека во изминатите четири години се забележува континуитет и динамика во опремувањето на полицијата.
„Министерството за внатрешни работи од сопствени средства, од буџетот наменет за потребите на Министерството, не само што го обнови сето она што деценија и повеќе беше запоставено и недостигаше за нормално работење на полицијата, туку уште повеќе – дел по дел, плански, генерално ги подобри и нивото и стандардите на материјално-техничката и инфраструктурната опременост“, посочи тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер