Контакт

Општество

„Ние одлучуваме!“ потсетуваат на важноста од гласањето на изборите

Објавено пред

Од Граѓанската акција „Ние одлучуваме“, во среда, од пред Собранието на Македонија, ги повикаа граѓаните да гласаат на предвремените парламентарни избори во декември, а најавија дека во следниот период ќе ги информираат граѓаните за важноста од ова гласање.

dobivaj vesti na viber

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ има цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.Ирена Стеријовска истакна дека единствената цел на оваа акција е да се потенцира важноста на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во декември и да се настапи одговорно во овој решавачки момент за Македонија и за сите нас како граѓани. Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ ќе биде составена од различни активности со кои ќе се информираат, мотивираат и охрабруваат граѓаните да учествуваат на изборите. Организациите од „Ние одлучуваме!“ ќе ги регистрираат потенцијалните злоупотреби на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните поврзани со остварувањето на избирачкото право. Во рамки на акцијата предвидени се мотивирачка кампања за излезност и за тајноста на гласот, бесплатна СОС линија за пријавување повреди на гласачко право и  мониторинг на партиските изборни кампањи. „Преку весникот „Ние одлучуваме!“ граѓаните ќе бидат потсетени за состојбите во областите здравство, образование, сиромаштија, невработеност, (не)правда и животна средина. Ги поттикнуваме граѓаните да гласаат на 11 декември затоа што бараме промени! Можеме подобро! Ние одлучуваме!“, рече Стеријовска.Драган Додевски во своето обраќање истакна дека никој нема право да ги прашува граѓаните за кого гласале ниту пак тие имаат обврска да кажат како гласале. Изборните притисоци и злоупотреби се кривични дела и треба да бидат пријавени како и сите други кривични дела. Ги охрабруваме сите граѓани да ја искористат бесплатната СОС телефонска линија и да пријават било какви повреди на гласачкото право, како на пример, заплашувања, притисоци, уцени или поткуп. Линијата е достапна на 0800 88 888, секој работен ден од 9 до 21 часот, а тајноста на личните податоци на граѓаните кои ќе пријават злоупотреби е гарантирана.Додевски додаде дека со цел да помогнеме во одржувањето кредибилни, фер и слободни избори, преку оваа акција ќе се спроведе и мониторинг на изборната кампања на политичките партии и евентуалната злоупотреба на јавните ресурси пред и за време на кампањата. Ќе бидат следени вработувањата, буџетските плаќања и користењето на други државни ресурси за партиски цели во текот на кампањата. Ќе биде следено финансирањето на политичките партии и на изборната кампања во медиумите, како и содржините и поставеноста на информативната програма на МРТ1 од аспект на функцијата јавен сервис.Сите информации за акцијата може да се најдат на веб страницата www.nieodlucuvame.mk каде редовно ќе бидат објавувани аудио, видео и печатените материјали на акцијата на македонски и албански јазик, како и најавите за локални акции и за караванот кој ќе биде спроведен со шарениот камион. Ги поттикнуваме граѓаните да гласаат на 11 декември затоа што Бараме промени! Можеме подобро! Ние одлучуваме!„Младите се најзасегнати од политиката, а најмалку заинтересирани за гласање“, рече Љуми Бекири во своето обраќање.Младиот Бекири потенцираше дека верува дека во Македонија постои перспектива и дека подобра Македонија е можна исклучиво доколку младите повеќе се ангажираат зашто политиката им припаѓа ним и на граѓаните, а не само на политичарите. „Ние навистина можеме подобро, но исклучиво со гласот и ангажманот на младите. Ние знаеме дека на овие избори ќе одлучува гласот на младите и затоа ги мотивираме да преземат акција, да се заинтересираат за политичката понуда, да ја вреднуваат и критикуваат и да гласаат по свое. Само тие ќе знаат за кого ќе гласаат“, додаде тој.Акцијата ќе се спроведува на цела територија на Република Македонија, а нејзини носители се: Млади европски федералисти (ЏЕФ Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” –  Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Здружение на граѓани „Патокази“ – Гевгелија, Центар за истражување и развој на општеството „Визио“ – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес, КХАМ – Делчево, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум./крај/со/бб

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија29 минути

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија50 минути

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Македонија53 минути

„Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“, велат од СДСМ

„Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со...

Регион2 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет2 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет3 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет3 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа3 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија19 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија20 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија21 час

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија22 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија23 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа23 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија24 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија1 ден

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија1 ден

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...