Контакт

Општество

Новаковски: Да се провери од каде толку голем број неважечки ливчиња

Објавено пред

Споредено со некои други изборни циклуси, голем е бројот на неважечки ливчиња на овие избори, изјави за емисијата Ноќен експрес со Стојан Наумов, поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Новаковски.

dobivaj vesti na viber

„Внимателно да се провери дали тие ливчиња се намерно направени затоа што имало такви ситуации и во други изборни циклуси каде граѓаните тоа го правеле од револт“, рече Новаковски.

Оградувајќи се од текот на овие избори, поради тоа што не е ангажиран да ги следи овие изборите, Новаковски смета дека сепак тоа е работа на избирачките одбори и на општинските изборни комисии.

„Точно може да се утврди дали е тоа правено од револт на граѓаните или од некои други намери“, вели Новаковски за Ноќен Експрес, во која беа анализирани изборните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11-ти декември.

Поранешниот претседател на ДИК изјави дека Комисијата е должна оригиналните записници од избирачките одбори, кои се доставени до општинските одбори да ги објави уште истата вечер на денот на изборите.

Претседателот на ДИК; Чичаковски, инаку, на прес конференција во понеделникот во 21 часот ги презентираше резултатите, откако претходно беше објавено дека било правено споредување на електронски добиените и оригиналните записници.

„Ние сме држава во која за два часа може да се стигне до Скопје и да се достават материјалите. Доколку ДИК си дале луксуз да се ослонат само на електронските податоци, тогаш можно е да дојде до големи недоразбирања при внес на податоците од центрите од општинска изборна комисија преку електронска пошта и од оригиналните записници кои ги добиваме сега и сметам дека грешката е направена тука и се надевам дека ќе бидат внесени податоците од оригиналните записници“, вели Новаковски за Ноќен Експрес.

Инаку, ДИК, според Новаковски, беше должна да излезе порано со првични неофицијални резултати со оглед на тоа дека ова беа пропорционални парламентарни избори, и во покомплицирани случаи кога сме имале и локални и парламентарни резултатите се соопштувани во 23:30 часот./крај/мф

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија1 час

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија2 часа

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија2 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ3 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Македонија3 часа

Ново судење за пожарот во „Пулс“

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да...

Европа3 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет4 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет4 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет16 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ17 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ17 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет20 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија1 ден

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија1 ден

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија1 ден

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија1 ден

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија2 дена

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија2 дена

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет2 дена

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...