Македонија
Во пет години 600 лекари заминале од земјава

Повеќе од 600 лекари од Македонија, во последните пет години заминале на работа во Германија или во некоја друга европска земја, а 70 отсто од лекарите размислуваат истото да го направат во следниот период.
Овие резултати ги покажа регионално истражување што го спроведе Healthgrouper, со помош на средства обебедени од универзитет во Швајцарија во рамки на Регионалната програма за истражувања и исто така со Европскиот универзитет од Израел.
Истражувањето е спроведено во четири земји, Македонија, Србија, Косово и Албанија, а целта на истражувањето беше да се утврди кои се причините заради коишто лекарите заминуваат од нашите земји.
Лекарите заминуваат заради подобри услови за работа, што ги нудат другите земји, заради повисока плата, подостоинствено работење, заради политичката ситуација.
„Трендот на заминување или на миграција на лекарите е присутен во сите четири земји. Во Македонија основните причини поради кои лекарите заминуваат се можностите за професионален развој, можностите за поголема економска соработка и подобар живот за семејствата. Она што е карактеристично во сите четири земји е дека како причина за отселување е и политичките состојби“, рече Владимир Лазаревик, кој ги презентираше резултатите од истражувањето за Македонија.
Едукацијата на еден млад лекар државата ја чини 60.000 евра, а сепак, се дозволува младите лекари да се отселат додека голем број земји имаат развиени политики како да ги привлечат.
На пример, како што појасни Кочо Чакаларовски, директор на Лекарската комора на Македонија, на Германија и недостасуваат 45.000 лекари, па е многу привлечна за македонските лекари. Додоека во Македонија специјализантите плаќаат за специјализација, Германија им плаќа 2.000 до 2.500 евра и им обезбедува сместување во старечки домови, каде навечер работат како дежурни лекари. Германија вработува лекари од нашите земји во руралните делови, затоа што не можат да вработат локален лекар, но и условите таму се подобри од македонските.
Повеќе од 90 отсто од тие што се отселиле немаат желба да се вратат дури и во услови да им се зголемат примањата, а повеќе од 70 отсто од сите лекари кои учествувале во истражувањето и биле прашани „дали сте размислувале да се отселите?“ одговараат со „да“.
Поради овој тренд Македонија и другите земји од регионот се соочуваат со загуба на медицинскиот кадар кој ќе се одрази негативно врз самиот здравствен систем, како што ќе се пензионираат возразните лекари, а младите лекари се отселуваат посебно помалите градови ќе останат без лекари. Во сите четири земји опфатени со истражувањето лекарите не само што има тренд на миграција кон, туку има и миграција од помалите градови кон главните.
За споредба, од Србија, секоја година се отселуваат по околу 600 лекари, во следниот петгодишен период планираат да заминат уште 3.000, а 2.600 се водат како невработени. Во Албанија каде работите се уште полоши, па така според податоците таму има 1,1 доктор на 1.000 жители, сепак висока е невработеноста, затоа што вработувањето оди по партиска линија. Во Косово пак, има најмалку податоци, затоа што нема институција која може да ги собере тие податоци. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).