Општество
Организаторите на протестот за хонорарите ќе протестираат заедно со студентите во петок
Потписниците на Повелбата за солидарност и други синдикати, здруженија и организации, кои се организатори на протестот против плаќање придонеси за хонорарите соопштија дека ќе им дадат поддршка на студентите кои ќе протестираат во петок, 26ти декември пред Владата.
„Ние, синдикатите, организациите и активист(к)ите, организатори на протестот против плаќање придонеси за хонорарите ја изразуваме нашата поддршка и солидарност со студентите и ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да учествуваат на студентскиот протест овој петок, 26ти декември, во 14 часот пред Владата на РМ“, се вели во соопштението.
Ние и студентите, продолжува, во последните неколку месеци сме изложени на истата политика на опресија, игнорирање и исклучување од страна на надлежните власти во однос на предложените и усвоени законски измени за државниот испит и за плаќањето придонеси за задолжително социјално осигурување за хонорарите.
„Методот на кој власта ги усвојува и спроведува законските решенија е недемократски и исклучувачки – во отсуство на дијалог со најзасегнатите граѓани, на товар на сиромашните и обесправените, а во спрега со послушните поданици во квази-независните тела и институции, како ССМ и СПУКМ, со цел за уште поголемо богатење на најбогатите и следствено, зацврстување на сопствените позиции на моќ и привилегии. Уште повеќе, фрапираат информациите за забрзано воведување мерки на засилен надзор и ригорозни казни поврзани со непочитување на веќе усвоените законски решенија, чија основна цел во суштина е зголемување на атмосферата на страв, закани и уцени и неоставање простор за делување“, се вели во соопштението.
Организаторите на протестот против плаќањето придонеси за хонорарите апелираат за масовна солидарност и поддршка на студентите во нивната борба за остварување на нивните права и за враќање на автономијата на универзитетите. Ова ќе биде трет студентски протест во изминатите два месеци против образовната реформа за воведување државен испит на универзитетите.
Како организаторите на протестот против плаќање придонеси за хонорарите се јавуваат следните здруженија, организации и синдикати:
Конфедерација на синдикални организации на Македонија
Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници
Синдикат на УПОЗ
Синдикат на македонската дипломатска служба
Левичарско движење „Солидарност“
Движење за социјална правда „Ленка“
Независна иницијатива „Бори се женски“
Субверзивен Фронт
Хелсиншки Комитет за човекови права
Граѓанска иницијатива „8-ми Септември“
Македонска платформа против сиромаштија
Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“
Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“
Стар-Стар Скопје
Цивил – Центар за слобода
Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација
Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

