Контакт

Општество

Платформата за родова еднаквост и заштита на женските права ја поддржа 21 организација

Објавено пред

Дваесет и една организација во понеделник ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост, со што станаа дел од Платформата за обезбедување на родова еднаквост и заштита на женските права.

dobivaj vesti na viber

Платформата за родова еднакост во понеделник, 22ви декември одржа прес конференцијата на која се обратија Неда Коруновска, претседателка на Реактор, Кристина Плеќиќ Беќарова, проектен координатор во ХЕРА и Марија Савовска, Акција Здруженска, кои ја истакнаа потребата од проширување и забрзување на напорите за промовирање и вградување на принципот на родова еднаквост во сите области и на сите нивоа во државата. Говорниците напомнаа дека реформите за воспоставување на родова еднаквост се одвиваат многу полека и дека со ова темпо нема да се постигнат промени уште долго време. 

Организациите кои денеска ја потпишаа Декларацијата за родова еднаквост, а со тоа станаа дел од Платформата за родова еднаквост преку своето делување ќе бараат усогласена, кохерентна и имплементирана легислатива и политика во функција на родовата еднаквост, обезбедени доволни и соодветно распределени финансиски и други ресурси за имплементација на законите и политиките кои ќе обезбедат родова еднаквост, потоа функционална, ефективна и ефикасна родова машинерија на национално и локално ниво, развиен систем за застапување на родовата еднаквост пред органите на централно и локално ниво, подигање на свеста во врска со постоечката стигматизација и маргинализација на жените во јавниот дискурс и генерирана експертиза во функција на јакнење на внатрешните и надворешните капацитети, за унапредување на родовата еднаквост. 

Платформата ќе делува во вкупно шест области и тоа економија, образование, репродуктивни права и здравје, родово базирано насилство, пристап до услуги после преживеано насилство, социјална политика и учество на жената во политиката. 

„Здружувањето доаѓа и како реакција на сеприсутните патријархални вредности, јазот во распределбата на општествените добра и моќ, маргинализираниот социјален, економски и политички статус и положба на жените во Република Македонија“, велат од Платформата за родова еднакост која е независна и неформална мрежа на македонски невладини организации, претставници на граѓанското општество и индивидуи кои се посветени на градење на еднакво општество и промоција на родовата рамноправност.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија2 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија2 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија4 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија4 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа6 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ6 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет6 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа7 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет8 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија8 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет17 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија21 час

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија24 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...