Општество
Се повикува на Проглас за обединување и протести

Група граѓани, кои и во вторник излегоа на протести во Скопје, по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги ослободи сите политичари од вина, повикуваат на протест во среда, што ќе почне пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а на особено гласен протест повикуваат во петок, кога претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски треба да ги распише изборите на 5 јуни.
„Огорчени од уништувањето на она малку преостанато од државноста на Македонија, гневни на самоволието со кое Никола Груевски и неговите соработници и полтрони ја уништуваат иднината на генерации македонски граѓанки и граѓани, не можејќи повеќе да седиме и немо да го набљудуваме разнебитувањето на сѐ што е демократско, одбивајќи да правиме компромис и да се пазариме со нелегитимниот режим. Ние, кои протестиравме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, го упатуваме овој Проглас за обединување до сите слободо и правдољубни сили во општеството под знамето на заедничката борба за ослободување од корумпираните деспоти кои нѐ доведоа до работ на целосна пропаст“, се вели во повикот на социјалните мрежи.Бараат почнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;Бараат оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците и е итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.„Ќе протестираме секој ден во 18 часот! Протестот ќе биде особено гласен во петок, 15 април, пред Собранието на Република Македонија, за кога е најавено распишување на предвремени избори“, велат организаторите.Повикуваат на обединување на сите граѓанки и граѓани, на сите формални и неформални граѓански организации, особено пленумите, вклучително Студентски пленум, Прoфесорски пленум, Наставнички пленум, како и ЛД Солидарност, Ајде, Ленка, Мугра, синдикатите, урбаните иницијативи, организациите кои беа дел од коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и сите останати кои го споделуваат гневот, но и желбата за правда и демократија, да се приклучат кон протестите.Посебен повик упатуваат до најголемата опозициска политичка партија Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и нејзините партнери и поддржувачи, да застанат зад овие барања и да се приклучат во што поголем број. Ги повикаа и останатите опозициски партии: Левица, Демократскиот сојуз, Демократска обнова за Македонија, Достоинство, Алијансата за позитивна Македонија, Обединети за Македонија и сите останати да се приклучат со што поголема масовност.Ги повикуваат и поддржувачите на партиите на власт кои не можат повеќе да го трпат дрското непочитување на правдата и поигрувањето со иднината на овој народ, да им се приклучат и заедно да го отпочнат процесот на враќање на довербата во институциите и во Македонија.„Овие протести се на сите граѓанки и граѓани. Протестите ни припаѓаат на сите нам, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели. Време е! Се гледаме на улиците!“, порачаа организаторите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
76 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден заразен од Куманово, Гевгелија и Ресен.
Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80), Охрид (82) и Куманово (75). Сите лица се починати во болнички услови, во периодот од 17 април – 17 мај годинава.
Во последното деноноќие регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и по еден оздравен од Куманово, Струмица и Струга.
Направените 1.232 тестови се преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-18, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-13, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-28, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-11, Генеа-4, Никоб Лаб-84, ВФВ медикал-20, Ели медика плус-10, Ројал медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.
Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.
Според епидемиолошките анализи во моментот, ситуацијата по градови е следна:
Скопје 146341, Активни 328
Куманово 16665, Активни 13
Битола 15587, Активни 75
Прилеп 14194, Активни 14
Тетово 13470, Активни 5
Кавадарци 10675, Активни 15
Велес 9783, Активни 2
Гостивар 9603, Активни 7
Охрид 8890, Активни 16
Струмица 8071, Активни 1
Штип 8044, Активни 8
Кичево 5643, Активни 9
Кочани 5087, Активни 6
Струга 4724, Активни 4
Гевгелија 4418, Активни 5
Неготино 3687, Активни 2
Ресен 2744, Активни 10
Свети Николе 2628, Активни 3
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2414, Активни 0
Делчево 1983, Активни 1
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1674, Активни 11
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Понеделник неработен за влашката заедница во државата

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2022 година, (понеделник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Воедно, ресорното министерство на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.
Македонија
(Видео) Амир Дестанов, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место, на прием кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“.
Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови.
На средбата Пендаровски го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес за да ги постигне своите цели за подобра иднина.
На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.