Општество
Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.
Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.
Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.
Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
76 нови случаи на Ковид-19 и три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево по 2 и по еден заразен од Куманово, Гевгелија и Ресен.
Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80), Охрид (82) и Куманово (75). Сите лица се починати во болнички услови, во периодот од 17 април – 17 мај годинава.
Во последното деноноќие регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и по еден оздравен од Куманово, Струмица и Струга.
Направените 1.232 тестови се преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-18, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-13, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-28, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-11, Генеа-4, Никоб Лаб-84, ВФВ медикал-20, Ели медика плус-10, Ројал медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.
Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.
Според епидемиолошките анализи во моментот, ситуацијата по градови е следна:
Скопје 146341, Активни 328
Куманово 16665, Активни 13
Битола 15587, Активни 75
Прилеп 14194, Активни 14
Тетово 13470, Активни 5
Кавадарци 10675, Активни 15
Велес 9783, Активни 2
Гостивар 9603, Активни 7
Охрид 8890, Активни 16
Струмица 8071, Активни 1
Штип 8044, Активни 8
Кичево 5643, Активни 9
Кочани 5087, Активни 6
Струга 4724, Активни 4
Гевгелија 4418, Активни 5
Неготино 3687, Активни 2
Ресен 2744, Активни 10
Свети Николе 2628, Активни 3
Радовиш 2530, Активни 1
Крива Паланка 2414, Активни 0
Делчево 1983, Активни 1
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1674, Активни 11
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Македонија
Понеделник неработен за влашката заедница во државата

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2022 година, (понеделник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.
Воедно, ресорното министерство на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.
Македонија
(Видео) Амир Дестанов, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место, на прием кај Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“.
Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови.
На средбата Пендаровски го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес за да ги постигне своите цели за подобра иднина.
На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.