Општество
Стипендии за 500 најдобри студенти на УГД
Стипендија во висина на нивната партиципација ќе добиваат 500 најдобри студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Стипендија во висина на нивната партиципација ќе добиваат 500 најдобри студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Во петок, проректорот за наука на УГД, проф. д-р Блажо Боев, информираше дека овој фонд за стипендирање на студентите се формира како резултат на долгогодишната соработка со бизнис секторот, кој ќе помага во обезбедување на средствата за стипендирање на студентите на УГД. „Според нашата темелна определба бизнис заедницата да влезе во поголема соработка со УГД, формиран е фонд за стипендирање на студенти со поддршка од бизнис заедницата. Во почетокот на учебната 2015/2016 година ќе се доделуваат првите стипендии. Тоа е фонд кој е финансиран од бизнис секторот. Во текот на зимскиот семестар фондот ќе распише 300 стипендии за студентите на УГД и во текот на летниот период 200 стипендии. Стипендии ќе добиваат најдобрите. Станува збор за фонд кој ќе го управува Универзитетот, но внатре ќе има претставници и од бизнис заедницата“, изјави проректорот за наука проф. д-р Блажо Боев. Критериумите за добивање на стипендиите ќе бидат разработени дополнително, но можност за стипендирање ќе имаат само студентите кои се во втора година или над втора година од студиите. Со овие стипендии нема да бидат таргетирани студентите од прва година, затоа што тие се на почеток и како дел од критериумите ќе биде успехот постигнат на факултетот. Студентите го истакнаа задоволството и изразија благодарност од овој потег на Универзитетот „Гоце Делчев“. „Од името на студентската организација сакам да ја поздравам оваа иницијатива на УГД за формирање на фонд за стипендирање. Тоа за нас значи еден огромен мотив, создавање на конкуренција меѓу студентите, со цел да се подобрат успехот и квалитетот на студентите. Бројката на 500 стипендии е огромна бројка, а стипендијата во многу ќе го олесни студирањето на тие студенти. Упатувам благодарност од страна на студентската организација до УГД и сите компании кои се вклучени од бизнис секторот и ќе го финансираат овој фонд за стипендирање“, изјави претседателот на Студентскиот парламент на УГД, Горан Стаменков. Конкурсот ќе биде распишан на почетокот од студиската 2015/2016 година. Планирано е овој конкурс да се распишува редовно. Следната фаза е фондот за стипендирање да влезе во преговори со бизнис заедницата, кога тие ќе стипендираат студенти на месечна основа./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

