Општество
Високо италијанско признание за државниот секретар Цветaновска-Гугоска
Одликувањето „Витез на редот Ѕвезда на Италија“ ѝ е доделено на државниот секретар во Министерството за локална самоуправа за Билјана Цветановска-Гугоска, а на врачувањето на високото признание амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели, истакна дека тоа се доделива од Претседателот на Републиката, за воспоставување и негување лични и професионални релации со Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави.
Признанието го доделува Претседателот на Италија на предлог на Министерот за надворешни работи.
По тој повод амбасадорот Белели истакна дека е особено задоволен што честа да биде прогласена за Витез на Редот Ѕвезда на Италија и припадна на државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска-Гугоска.
„Со Цветановска-Гугоска, како амбасадор на Италија, успешно соработувам подолго време и благодарение на таа соработка еден важен проект меѓу Република Италија и Република Македонија наскоро ќе биде финализиран“, рече амбасадорот Белели
„Зедничката работа на програмите за соработка и развој меѓу двете држави резултира и со посебна кредитна линија од Италија за Македонија наменета за малите и средни претпријатија, со што Цветановска-Гугоска придонесе не само за работата на Министерството за локална самоуправа, туку и за развојот на државата“, додаде италкијанскиот амбасадор.
„Овој чин за мене претставува голема чест затоа што доаѓа од Република Италија, земја која на Република Македонија и дава континуирана поддршка во процесот на интегрирање во Европската унија“, рече по добивањето на признанието Цветановска-Гугоска заблагодарувајќи му се на амбасадорот Белели за соработката и за подршката.
„Посебно е задоволството кога работите, се залагате, а некој тоа ќе го препознае и вреднува“, рече Билјана Цветаноска-Гугоска која изрази уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина во интерес на двете земји и на нивните граѓани./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

