Општество
Зголемување од 25% на посебниот додаток за децата со попреченост
Зголемување за 25 проценти на посебниот додаток за материјално необезбедени родители кои имаат деца со попреченост се предвидува со најновите измени на Законот за заштита на децата, што ќе стапат на сила во јуни, 2015 година. Со измените се овозможува и остварување на правото на посебен додаток за сите деца со Даунов синдром.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во вторник, 23ти декември, ги соопшти најновите измени во Законот за заштита на децата кои се насочени кон поголема поддршка на децата со попреченост, децата со специфични потреби, телесни, интелектуални и комбинирани пречки, а кои кои беа усвоени на последната владина седница.
„Согледувајќи ја потребата на родителите кои имаат деца со попреченост, а се во потешка финансиска положба и се материјално необезбедени, односно оние кои се приматели на социјална и постојана парична помош, донесовме одлука за воведување на значително зголемување на посебниот додаток за оваа категорија на граѓани, односно со измените на законот ќе овозможиме зголемување за 25% на посебниот додаток за материјално необезбедени родители корисници на посебен додаток, при што проценката е дека првично ќе се опфатат 1.030 материјално необезбедени реодители кои се приматели на посебен додаток, од кои 919 се корисници на социјална парична помош и 111 се корисници на постојана парична помош”, рече Спасов.
Тој додаде дека како резултат на комуникацијата со здруженијата на родители на деца со Даунов синдром, произлегла и потребата од поголема поддршка во делот на правото на посебен додаток, со кој дете со пречки во развојот и со специфични потреби е и дете со Даунов синдром.
„Клучно во овие измени на Законот за заштита на децата е што се овозможува остварување на право на посебен додаток и за сите децата со Даунов синдром. Во изминатиот период само дел од родителите остваруваа постојана парична помош за деца со Даунов синдром кои имаат комбинирани пречки во развојот, за 180 дечиња. При што ќе им овозможиме да оствaрат месечна парична помош и на родителите на 88 деца кои се категоризирани како деца само со Даунов синдром, односно со овие измени на Законот за заштита на децата ја воведуваме како категорија и категоријата деца со Даунов синдром”, потенцираше Спасов.
Овие измени ќе стапат во сила започнувајќи од јуни 2015 година, а за таа цел на годишно ниво, министерството ќе издвои околу 18.690.940 денари. За реализација, пак, на финансиската поддршка за сите родители кои имаат деца со Даунов синдром годишно се издвојуваат вкупно 414.690.000 денари за 6.900 родители или 710 дечиња со попреченост.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

